Јас воведов 3 недели после прв оброк, точно на 6 мес. Давам ориз или компир со зеленчук ама ние сме на режим за здебелување од педијатар . Инаку месо немам воведено, на полни 7 мес ќе воведам.
Не секогаш исто, некогаш изеде мојот цела тегличка 125 гр или некогаш пола Зависи како му се погоди вкусот
Мојата 50 грама кога изеде пресреќна сум, значи ќеси почекаме до оброк…а за 10 дена 7 месеци ќе прави.
Добро е ќе знам за нареден пат. Од страв а и времето ни поминуваше па дадов друг вкус да проба. Вака исечен да стои во фрижидер ништо нема да му биде?
Ќе си јаде пополека, моето ја отвара устата а и многу не зјапа додека јадеме Па и со ручек ќе почнеме деновиве, во недела 7 месеци веќе е време
Кажувај ја шемата за здебелување. Ама во комбинација со нејадач и непијач на млеко Такозвана штрајкерка А колку кг имате мама? Ве дружиме, не сте сами. Башка и млекце не пиеме
Уффф со нејадачка не знам . Мојава по цице не е многу, АД никако не прифати ама јаде, се тресе од возбуда за храна. Режимот ни е обавезно житарки со овошје доручек, а компир или ориз со зеленчук за ручек. Иначе на 6 мес имаше 6110, дуплирана родилна плус 10 гр. Ни се изнасмеа педијатарот за 10те грама . Сега е 6ипол ама збуцана е, се осеќа по држење. Да пробаш нешто Биби Боби, Дарко Биберко да и пушташ дур ја храниш, па несвесно да јаде, да се замајува. Знам дека не чини ама мајка на мака се ќе проба.
Јас сум Биби, боби, биберко Јас сум кловнот . Таа килажа ја држиме значи, манекенска. Ние првите 4 месеци по едно кило стававме, ама си пиевме млекце. Е сега веќе е хорор приказна Не плаче за храна вооошто. Економик сме.
Од кога е родена нема кило ставено. Првиот месец само 800гр, после по 500, па 4ти месец хоророт 320гр само. А и она не плаче за јадење, ако не и дадам да цица нема ни да побара. Многу е смешна со таа килажа, а долга е 69цм, ко шпагета е
Мајки кашичката ми излезе некако ретка не е густа, има ли начин да ја згустам. Кашичката е ориз,брокула и тиквичка,приметив кога ставам тиквичка така ми излегува поретка.
Компир сварен може да ја згусне, или ако не ти се чека оривче, рижолино малку… Од ДМ има БИО какао во кутија, јас тоа го давам. Обично во ноќна каша, по пола лажиче.