Ова повеќе од мене беше пофалба него од бебе, мнпгу го бендисав . Со млекце е гризот, прв пат да не ми препознае АД. Претходно се што и направив со млекце плукаше, во секунда го познаваше
Прашања што ме мачат.....повикај пријател готварски специјалисти 1.Спелтин гриз дали може да дадам на 6++? Овесни снегулки кога? 2.Месо ќе воведам...треба и тоа три дена да го давам или преку еден ден? 3.Освен маслиново,кое друго масло може на оваа возраст? 4. Кајсија да воведам...може сува,на ист принцип како сливата?
1. Прво овес, па после спелта поради глутенот. Спелтата има глутен, овесот може само да содржи траги. 2. Месото преку еден ден, измеѓу нема да даваш нова намирница. 3. Масло од репка. 4. Може сува кајсија.
Како ги чуваш по отварање? Каде и колку време ? Земав вакви ама на пакувањето стои само да се конзумираат за брзо време. До сега за нас многу не сум мислела колку време ќе ми стои суво овошје, ама па овие дека се без конзерванси да не мувлосаат за брзо ?
И јас баш ги гледав ама го прочитав тоа и се попишманив. Земав на хипп ама некако кисела е и не ја сака. Претпоставувам дека може кајсијата да се замрзне исто како суво домашно овошје, пример слива имам сува домашна замрзната.
Гледав едни суви сливи во Веро без конзерванси, ама вика да се употребат за 3 дена. Ако можам да ги замрзнам, топ.
Ги чувам во кесичката, имаат лепенка за затварање, на суво место. Ми се случило 2-3 недели да бидат отворени ништо не им било, ама обично јас ги дојадувам. @nevermet18 Ги варам да омекнат и им ја вадам лушпата. Ги пасирам со вилушка и мешам со друго овошје и житарки. Не ставам многу количински 2-4 бидејќи многу се благи.
Утре прв пат ќе давам млечен производ, решив со кисело млеко да почнам. По колку давате на почеток? Една лажичка ок е или многу? И дали сите млечни се воведуваат по 3 дена? Кисело млеко 3 дена, па урда 3 дена или ???