И мојава се бунтосуваше за ручек се додека не почнав лукче да и давам. И навистина многу е повкусно со лукче и кромид.
Pa bas so grasok i brokula deka ke se razjade stoznam....jas vaka i praam blag kompir,obicen malce,tikvica,puter,maslinov,lukce malce ko pire koa e neraspolozena od zabi oli sto ds e
Јас дадов од ова просо 1 ден, па вториот ден тек прочитав дека така пишува, па не дадов. Утредента бев на педијатар, тој ми рече дека нема глутен во просо и дека може да се дава. Потоа гуглав и така пишува навистина дека нема. Зошто фирмава пишала така на просото, не знам.
Просото , исто како и овесот, оризот не содржат глутен. Но често при обработка се контаминираат со други житарки кои содржат и затоа мора да напишат дека содржи траги од глутен. Обележувањето е за тие што имаат целијакија бидејќи на нив им ствараат проблем и трагите.
Пред некое време видов дека давате од путерите од дм, само незнам која беше да ја означам. Јас имам путер од бадеми ама маслото е излезено горе. Да го давам или не?
Мисиркино планирам да давам утре. Како се вари ко пилешко исто? И сега се мислам има во Тинекс како пакувани стекови мисиркини на Цекин, а во Поповски месарата има да се купи свежо мисиркино. Од каде купувате вие?
Скоро сите путери од јаткасти плодови имаат така масло горе. Тоа е масло што го содржат самите бадеми, во случајот. Промешај и слободно давај.
Спелта е вид пченица која содржи најмалку глутен. Ако немаш воведено глутен можеш да го воведеш со спелтата. Има спелтини снегулки во ДМ, јас му ги давам за појадок на бебе со некое овошје. Ориз и јас давам за ручек, мислам дека спаѓа во житарки ( а може и грешам ☺ не знам) Грашок и леќа спаѓаат во мешункасти растенија, не се скроб како компирот и бататот.
Здраво мајки, дали кога се почнува со пробување на вкусови се даваат само 2-3 лажички дневно, има ли врска во кој период од денот/пред после пиење млекце? Инаку сме 5м и само на ад до сега
Првиот ден со 2,3 лажички, потоа наредниот 5,6 третиот ден колку ке изеде. Би требало да се дава пример до 12 часот, во случај ако се јави алергиска реакција на време да се реагира. Ние оти сме на доење јас давав секогаш пред да цица, бидејќи мислам дека ако се дава после млекце, нема воопшто да сака, барем моето како што е по цицањето, ептен по малку јадеше.Не и дека и сега многу јаде, но подобро е.За Ад не знам нека каже некоја мајка што бебето и е на ад