Мајки нас педијатарот ни рече да почнеме со вкусови наброја што смее ама јас нешто запамтив нешто не. Може ли да ми кажете што смее, со што сте почнале вие по колку денови колку лажички фала ви
Јас почнав на 5++м со компир, тиквичка, морков, тиква, јаболко, круша, модра слива, кајсија, банана. Давав по 2-3 дена од секоја намирница од кои првиот ден по 4-5л а наредните колку сакаат и правев комбинации.
Од 4-6 месеци дадов: компир, морков, тиквичка, брокула, батат, јаболка, круша, банана, Авокадо, праска, просо, ориз палента. Добар апетит на бебушот
Па не беше јадач на почетокот, така да не ни сакаше повеќе од 2-3 лажички гледам првиот ден кога воведувам нова намирница да не е многу количински и обавезно мешам со нешто што ни е воведено од претходно
Ист случај ко ќерка ми. Од 4 до 5 мес секој ден и нудев АД, не го прифати и на 5 почнавме храна. Да те израдувам дека има надеж, лапа бебе без проблем
Јас само ќе дополнам дека не би давала колку сака бебе во периодот кога е пробување на вкусови оти и тоа е проба, кога ќе се воведе оброк е веќе друго, оти пример моето машала си сака да јаде ама ако му давам колку сака може само да му биде тешко. Тоа е моето мислење сепак ти си знаеш најдобро за твоето бебе.
Не планирам д адавам колку сака чисто информативно чрашувам имам читано што како треба и разговарано до педијатар.
Јаде сега цели каши и уште бара, на почеток и да не сака немој да се нервираш како мене за џабе со тек на време ќе си пројаде
Јас купувам по 3-4, едно оставам надвор на собна температура, другите во фрижидер. Кога ќе го искористам тоа надвор вадам друго.
Здраво, Сакам да воведам палента но незнам како . Дали само палента еден ден па потоа во комбинации со останати намирници или? И како ја подготвувате?
И јас го оставам на собна да отстои некој ден додека да омекне. Јас воведував палента 3 дена, ама ја мешав со веќе воведени овошки. Прашање: Некоја мајка со воведени оброци со бебуш на адаптивно да ми каже кога дава млека, кога појадок, кога ручек, кога вечера. До сега имам воведено појадок само, сакам и ручек, ама некако ми доаѓа ко на секои 2 саати да јаде.
3 дена ја воведував во комбинација со воведено овошје. И дадов едно лажиче да проба чиста, нормално не и се свиѓаше така, зашто на ништо нема вкус. На Хип плентата и ја давам јас, таа е инстант, не се вари само се попарува.