Жолчка воведуваш од 1/4 или 1/8 со веќе воведено, па ден пауза, па 1/2 па ден пауза и на крај цела жолчка и си се смета за воведена. Во деновите пауза не нудиш нови намирници.
Авокадото нема некој вкус, така да со што и да го комбинираш убаво ќе биде. Можеш и со банана, бидејќи во комбинација со авокадото не би требало да предизвика запек. Банана регулира столица, позелените регулираат дијареа позрелите регулираат запек. Инаку мене ми е врв авокадо со праска.
Od kade go kupuvas toj Celijonski cimet i po kolku stavas od nego,pretpostavuvam go koristis vo ovosni kasi so zitarki ?!
Во ДМ го има и ако не се лажам во Тинекс имам видено. На врв на мало лажиче ставам во овошните комбинации 3 пати неделно.
Мајки ајде еден совет пошто ручекот ние многу доцна поради промена на дремките крати од 3 на 2 дремки Распоредот е 8 Ад 10 и пол 11 овошна житна каша Во 13 и 30 ад па спие Ручек 16 16 30 Вечера 18 : 30 Заспива со Ад 20 и 30 21ч Дали да давам ручек пред дремката па после тоа ад или вака да терам по овој распоред , но незнам дали ќе сака ручек пред спиење.
Нас појадокот ни е во 9:30-10, ручек 14-14:30 и вечера 18-18:30, помеѓу оброците нудам млеко некогаш пие некогаш не.
И нас исто вака, плус минус пола час пример ако спие, млеко не нудам измеѓу ама ние сме 14 месеци, додуше откако воведов вечера распоредот не ни е сменет…бидејќи легнува во 9 и тогаш пие млеко, гледам 6 и пол макс да е вечеран, да не му тежи на мешето
Јас ставам еден лист поголем максимум два ако се помали Неутрална е на вкус не мења ништо вкус во оброк. Посебно вари го од другото заради нитратите
Blitva , spanjak se pravi na parea neli? A grasok kakov koristite od toj zamrznatiot vo kesi ili svez ?
Јас спанаќот го ставам да се обагри и после само го прецедувам. Грашок уште не сум дала, ама веќе немам домашен, а и не му е сезона, така што ќе биде замрзнат.
Мама ај објаснување за ова. Јас обично варам компир и во истата вода после ја обарувам блитвата. Не е ок така?
Ако посебно си ја обаруваш блитвата само водата ја користиш е ок, ама ако ја додаваш блитвата на крај и се вари заедно со компирот не е ок. Спанаќ, блитва у посебно тенџерче ги фарам и на крај пред пасирање ги спојувам со другите состојки.