Ова се спрема со вода, во себе содржи млеко. Без глутен е си пишува на кутијата. Можеш да го мешаш со било која воведена овошка.
Нема глутен. Ова е оризов гриз. Веќе содржи млеко. Се прави само со вода. Едит: сега видов дека веќе ти одговориле
Од каде купувате телешко месо? Во Веро нема веќе baby beef, па купив телешко. Колку часа го варите, знам дека треба подолго да се вари.
Јас така правев на почетокот на 3 часа млеко или оброк. Сега не чекам 3 часа и давам млеко 1.5.-2 полсе оброкот. Т.е. Секогаш пред спиење и се фака да пие млеко и така во спиењето си го пие. Кај нас вака: Млеко во 9, доручек во 11.30, 13.30-млеко 16.00-ручек 18.00-млеко 21.00 - млеко и пред да си легнам кај 00 - млеко Е се случува оброците да не ги изеде цели. А вода и мојата не сака, малку пие
Јас купив Гриз од Холе и пишува дека содржи глутен и е за од 6 месеци. Поради глутенот се уште немам дадено. Сега ќе купам од Хип Гриз,штом не содржи глутен.
Гризот на холе е пченичен затоа е со глутен, а на хипп е оризов. Леќата од дм колку време ја варите? Вари, вари цело време е тврда. Не можам да ја направам мазна за јадење.
Јас ако дадам порано од 3 часа млеко или оброк, не го јади, или само ќе проба и не сака.Научен е од мал на 3 часа млеко, така ни рекоја во Плодност, каде што се породив и така си тераме на 3 часа од ко е роден.
Органска е. Втор ден и давам и не ја сака. Сртоз ја изблендирав со тиквица, така потечна да биде ама јок. Има нагони за повраќање. Изгледа и се лепи на јазик.
Не чекам и јас точно 3 часа, ама му се познава веќе кога е гладен сам бара на 2.5 - 3 часа. Ако му давам порано нема да го изеде цело, а така па ич не сакам јас.. вака се маф прави. Мислев малку млеко да не му иде, да не избрзав со вториот оброк
Deka e strukturata takva...ja blendas? Jas ja davav taka samo svarena,ako imav morkov vnate tij go pasirav. Niso ne im e nema da se zadavat, toa e poveke onoj gag reflex
Дали некој дава ручек покасно од 2 попладне во кој воведува нови намирници? Синко пред прва дремка ич не е заинтересиран за храна, па еднаш пробав доручек одма после прва дремка и ручек после втора и си јадеше супер. Ама проблем е што од втора дремка некогаш знае и во 4-5 да се разбуди и шубе ми е толку касно да воведувам ново. А не можам леќа пример да дадам за доручек со овошје или лук. И си тапкам в место. Ај плс опрајте ме .
Во колку ти заспива навечер? Ручек давај пример во 5 со воведени намирници, а нов вкус можеш да воведеш помеѓу дремките некако 2-3 лажичиња само колку да проба, не знам..
Единствено месо имам воведено накај 3 попладне. Пробај да му го дадеш новиот вкус, прв ден, измеѓу, колку да проба. Е сеа за кромид, лук, што знам и јас треба после цвеклово да воведувам, а така не се даваат. Планирам со ручек ама мојава најкасно во 2 и е ручек.
Цело време така му давам, кога му е време за ручек. Околу 3 му е обично ручекот, а некогаш знае и во 4 да јаде. Среќа па до сега не е имал реакција од ниедна храна.