Тие денови касно заспива, ако му е втора дремка до 5, околу 9-9.30 ќе заспие (неаме фиксен распоред на ништо ). Треба лук, целер, боранија, грашок, леќа да воведувам, некако не ми се за сами давање. Пилешко, мисиркино..
Да ја блендирам. Се пто и иде посуво дури и изблемдирано има гаг рефлекс. Не знам до кога вака ќе тераме. Јас мама давам нови до кај 4 кога има ручек.
Јас кога давам нова намирница која оди во комбинација за ручек, првиот ден од воведувањето им ги сменувам местата на појадокот и ручекот т.е. ручекот го давам од сабајле, а попладне давам житарица со овошје. Вака прочитав во групата на фб. Таму исто така советуваат дека е ОК до 15 часот да се даде нова намирница, ама мене искрено ми е страв и гледам до 12 часот да го пробаме новото. Затоа и ги ротирам појадокот и ручекот во деновите кога пробуваме ново и супер функционираме така, бебе си јаде и се е ОК ☺
И јас оваа ја котистам, покисни ја прво 20мин и се вари за 15мин. Баш е мека и цела се распаѓа, можеш да ја пасираш ако така јаде. Ако ја блендираш тогаш се лепи ко компирот.
Вчера прв пат дадов карфиол, си го изеде убаво, си отспа и после спиење поврати голем млаз. После 2-3ч пак многу поврати се тоа проследено со страшно плачење. Сабајлево му дадов јаболка со киноа, само што ја голтна првата лажичка пак поврати голем млаз Можно ли е да е од карфиолот? Не знам што друго може да му е, убаво си цица и давам почесто вода за да не дехидрира. Страв ми е ручек да му дадам
Да не има некој стомачен вирус? И моето денеска се исповраќа и тоа буквално цел доручек го поврати на неколку пати, а јадеше банана со бисквита, не е ништо ново. И зошто да повраќа од карфиолот, не ми е логично, кај вчера, па и денес...
На се помислив, читам, барам.. некако најверојатно ми е да е од храна, а карфиолот е потежок за варење (така прочитав) и ствара гасови. Можда и нема врска, ама пробувам да најдам причина. Ако не помине денес, секако ќе го носам на лекар
Хај мајки Бебето до скоро јадеше каши само ретко нешто на парчиња, овошје му давав сам да ручка смоки и бисквитки 2 3 дена веќе ми одбива каши, ќе касне 2 3 лажици и толку, а ако се парчиња, пример макарони или нешто што џвака цела чинија јаде Е сега гледав за вечер да му правам некои мафини ама се со јајце/жолчка а за ручек ручкаше месо Проблем е ако јаде во еден ден и јајце и месо или не? Зошто негде прочитав дека не треба ама незнам кај беше
Не е проблем да му дадеш мафини што содржат јајце во ист ден кога јадело месо. Секако со мафините нема да внесе цело јајце.
Од каде ги земате сливите, од Стокомак? Колку што гледам не содржат конзерванси, јас земав од Веро суви сливи, пишеше дека траат само 3 дена по отварање. Овие се баш практични.