На Хип млечните кутии со овошје немаат шеќер и добар е составот. Исто така и тие на ДМ и Холе мислам дека се ок провери ги.
Не, јас лично пред година не би ги давала. Пишав претходно дека ваквиот тип на суви каши на Хип се подобра опција, а и претпоставувам дека и на ДМ и Холе исто би требало да се добри.
Причината поради која не се даваат две нови намирници е бидејќи ако има реакција нема да знаеш од што е. Пример ако за прв пат дадеш банана и јаболко и има реакција ете да се нафрли околу устичето ти нема да знаеш дали е од бананата или од јаболкото. Затоа по три дена исто. Четвртиот можеш да мешаш нова и веќе пробана. Со крушката повнимателно немој да претераш количински може да предизвика многу мека столица налик на дијареа. Инаку варено јаболко е многу убаво, ќе ставиш многу малку вода, можеш и печено без никакви додатоци.
По колку грамажа давате на 7 месечно бебе? Готови кашички некои 190 гледам, некои 125. Само не викајте колку му се јаде, оти цел ден да му даваш - цел ден ќе јаде
Готовите тие од 125 цела му ја давам, а од големите теглички по пола + уште нешто додавам. А кога му готвам дома не мерам колку гр ќе излезе, ама не е повеќе од 200. Кога ми е повеќе полно чинивчето, не го јаде сето, останува, така што отприлика секој оброк исто си јаде (од малите чинивчиња, не од тие најмалите, туку средна големина, за мезе што се околу пола му ја полнам).
@nevermet18 Mu imas li davano dosega Blitva na bebe? Dali isto kako spanjakot samo ja obaruvas ili varis ?
Значи јас да покачам на грамажа, по 150 највеќе му давав до сега и уште ја бараше лажичката и случајно сега видов дека готови кашички се по 190 грама ни донесоа подарок
Јас палента правам со јаболко или круша, некогаш со сирење . Јогурт со банана пасирана му е најубаво,на лето со цреши вишни. Пробај и така само внимавај течно многу да не ти излезе.
Ќе пробам или со банана или со палента. Не ставам многу јогурт и онака првпат ќе пробува неколку лажички само
Комбинации со урда? или нешто печено како лебче ама без јајце...сакав да правам проја ама заборавив дека со јајце се прави,а белката не ни е воведена