Не знам зошто да чекаш. Мојава е 7+++, одма почнавме со млечни на 7, сега веќе пие јогурт од чаша, лапа павлака и кис млеко од канче. Урда, моцарела уште не сум стигнала да дадам. Другово се Битолски давам Бучен ги нејќе, кисели се. Се со нормална масленост, не знам која е точно, не со ниска масленост. Јас не воведував се посебно, со воведување јогурт ти се воведуваат и павлака и јогурт. Урда посебно се воведува.[/QUOTE]
Ги проварувам малце дека замрзнати, вадам малце лушпа, и така ги давам. Не блендирам јас, и пасирам. Ама вишниве не и ги ни пасирам.
Јас прво ги варев ама ми го губеа вкусот вишните. Сега одмрзнати ги сецкам и само ги додавам во кашата кога ја пасирам.
Да можеш, тоа е многу малку сол. Инаку без сол можеш да најдеш само некоја домашна или тука https://www.facebook.com/VistinskoMleko/
Не е ништо страшно тоа. Или дома прави сама од млеко или купувај млечни производи што најмногу ти се бендисуваат. Јас обично на Суташ земам и урда од Трница.
Дали може да се даде на скоро 10 месечно бебе 2 пати во денот жолчка, за појадок и за ручек? За појадокот ќе биде цела жолчка во бомбици со палента и цела жолчка а за ручек во колачиња печени во рерна?
Здраво на сите, бебе е 4+, сакам за две недели да почне со пробување на вкусови и сакам да почнеме со зеленчук. Планирам да направам некој план за да знам по што да се ориентирам ( прво дете ми е па малку ми е страв ) а веќе од 9месеци ке оде во градинка таму им даваат манџи па сакам да ја навикнам на храна за да немаме проблеми подоцна. Ве молам за искуства, совети , со што најпрво почнавте вие како е правилно... секој совет и мислење е добредојдено. Ви благодарам
И јас да се приклучам. Јас ќе почнам од наредна недела.4++ е. Денеска бевме на педијатар имаме зелено светло за старт. И баш ме охрабри и едвај чекам. До сега бевме на доење само. Оваа недела почнав да давам сокчиња од јаболко и слива. Педијатарот ми препорача да почнам со готови каши по лажица, две па да видам како ќе сака првата недела. Па може да препорачате кои кашички да ни бидат за проба?
јас почнав на 4 м исто така. Почнав со зеленчук, така и со првото направив Морков и ориз, тиквичка и ориз, брокула и ориз, спанаќ и ориз, компир, батат и по малку пашкатанат во некоја од комбинацииве. Денес палента проба, веќе е 5 м. Зеленчукот на пареа го спремам а оризот е обичен, во зрна, органски. Една намирница по 3 дена ја давам, првиот ден колку да видиш да не случајно има некаква реакција, вториот и третиот колку сака давам. Сокови не давам да не се навикнува демек, пробувам вода да давам не сака за жива глава. Може да си менувате и со овошја, не дека мора прво зеленчук. Први се јаболко, круша, слива, тиква, банана...
Би ти препорачала да избегнуваш сокчиња, не ти солам памет само препорака Барем оние купечките нема потреба. Ако сакаш сокче можеш да даваш од водата во која ќе го вариш овошјето
Мајка, мој совет ти е да си почекаш уште малку. Нека наполни 5/5 ипол месеци па почнете. Мали мешиња се тоа, уште не им е доразвиен дигестивниот систем. Ако бебе цица и си напредува соодветно зошто глава да те боли уште од сега Педијатриве со советите нема да ги коментирам. Сокчиња немаш потреба да даваш непотребни шеќери само се внесуваат, а може да направат проблеми со вода пиење. Кој пие вода при сок. За почеток давај нешто лесно сварливо за меше. Тиквичка, јаболко, батат, слива, крушка итн. Паралелно со тоа нуди вода. Јас се крстам во профилот на mala_beba_veliki_gurman прекорисни совети има во highlights кога имаш време ѕирни, прочитај.
Сокче морав да дадам по препорака од двајца педијатри поради не какањето и по 10/12 дена. Откако не помогнаа ни вежби, ни масажи крајно беше чепче ама не биваше да се навикне и на тоа. И давам на два дена по 20 мл. Сега за сега помага. Може видовте огномет, ми се искака пред денес после 5 дена
Ne sakam da se pravam pametna samo ptedlog,da i davash podobro sekoj den za stolicata suvi slivi(vodichkata)-da gi svarish pa ke si gi izedesh ti slivite,a ponataka ke i gi pasirash vo kashichka.
Таман појдов да ти пишувам за водата од сливите, гледам веќе ти пишале. Инаку ако планираш да почнеш со готови кашички, можеш на хип или на холе. Тие од дм ги немам пробано, ама мислам дека се ок. Морковче, компир, батат, тиква, тиквица, јаболко, слива, банана, круша, кајсија за почеток.