У глобала убаво напредува.Од болница искочи 2600 сега е 7700.За два дена 7 месеци прави.Напредува различно.Некогаш повеќе некогаш помалце.Последниот месец 500 гр и 3 см. @brm_brm на доење е цело време.Би јадела и цицала она и повеќе ама не и држи внимание ништо .Додека цица се врти лево десно и станува,исто и со храната.Се местиме од хранилка,на кревет,па во скут додека изеде.Ги фрла сите играчки на под и сака да одма др нешто.А гладна е и стрвна мн.
Брзо се вари тиквичка. Малце поводнеста кога ќе стане готова е. Инаку за готови кашички јас не сум давала до сега ама ако давам би дала на Хип или Бејби лав од ДМ, вакви непроверени не би дала. Денес лесно е да залепиш етикета органско и да го шиткаш така.
Majki , po kolku gr treba da se dava na bebe 7++ da jadi? Primer za dorucek jadime 130gr ,a sega otkako ke vovedam i rucek isto li da davam po 130gr?
Од 7 до 9 месеци да има два оброка од 150 до 180 мл секој. Ова ми е податок од профилот Немлечна исхрана на инстаграм. Инаку, моето е 8+, има два оброка и јаде од 150 до 200 мл.
Мами, можда глупо прашање: Дали кога им давате на бебки да пробуваат вкусови им давате и водичка или откако ќе се воведе како оброк? Земав на хип морковче за почеток. Од понеделник ќе почнеме па да се помолиме дека ќе почне да јаде Педијатарот ми кажа да не ја ограничувам со лажички за пробување ама секако дека ќе јадела по 3-4 лажички. Ако сака повеќе да и давам уште од почеток или ?
Ти пишала мама погоре. Ни сме 8+ ама имаме три оброци максимум до 190 гр. (не јаде секогаш исто ама па не ни под 150гр)
Дали боранија, леќа, грашок ги дававте три дена по ред за вовед? Треба да воведувам, а се мислам како, да не му е тешко на мешето три дена боранија пр?
Јас сега воведов грашок, 3 дена, со тоа што првиот ден неколку зрна, вториот малце повеќе и третиот баш фин оброк грашок со телешко. Не би требало неколку зрна да им е тешко. Така планирам и со боранијата.
А да прашам јас до кога воведувате по 3 дена? Дека нас матичната ни рече нема потреба веќе по три дена доволно било по еден ден дека имал веќе доста вкусови пробано. Е сега за тоа што ептен мислам дека е алергено може и ќе воведам на три дена. Да не грешам што давам на ден?
Мајки ако има некоја искуство Моето нема проблем со доручек и вечера ама со ручек борба водиме , нема шанси ни залче .. со млечни производи нема проблем... што да направам??
Јас сѐ досега по 3 дена воведувам, 8+ е. Мислам дека до годинка е препораката, а после по еден ден. Е сега дали ова е стара школа не знам, според матичниов така треба да тераме.
Мене педијатарот ми кажа после кашички може неколку лажички вода да му нудам, а за кашичките првите два дена лажичка две па пауза и уште лажичка две, а после трет ден веќе 80-100гр може, па и така планирам.