Време е да воведам млечни.. (каснам ама ај). Е сега, дали има некој редослед за давање? Дали се воведуваат по 3 дена сите? Кога може несолен путер да дадам? И дали треба да има некој временски размак од давање глутен?
Не ги воведував сите млечни посебно, туку со воведен јогурт или кисело млеко сметав дека се воведени сите. Кога ќе воведуваш млечни можеш и несолен путер, не е потребно и него посебно да го воведуваш. Со млечни производи внимавам само да не мешам млеко и месо во еден оброк поради апсорпцијата на железо.
Кога воведовте втор оброк? Моево е 5 месеци и една недела. Кратко пред 5 почнавме со вкусови. Обожава да ручка и не му ограничувам количински, мислам по 2/3 лажички само. Тоа беше само првите два дена. Сега веќе си изедува цело чинивче. Според она што ми го прати педијаторката втор оброк со полни шест месеци. Или можам и порано? Секако не планирам одма ама мислев бар една недела пред 6 месеци.
Не го брзај, мислам рано е пред 6 месеци. Јас почнав да му давам да пробува на 4ипол, а втор оброк на скоро 7 месеци. Барем до 6 почекај
Jas ne gi gream otvoram davam, ako ostane vo friz za sleden den. Tie od friz sum gi stavala na parno malce
Можеш само внимавај што ставаш. Пример компир, спанаќ , авокадо, банана не ставам од вечерта, во принцип намирници што оксидираат не ги спремам од вечер.
Ја не спремам не само оодвечер, туку и онака повеќе од пола саат пред јадење не ги подготвувам некои работи, како што се палента, ориз, гриз, компир, бидејќи кога оладат сменат текстура.
Од тегличе ставам 1/3, а од коренот планирам да ставам во должина колку половина палец. И за нас кога користам не ставам многу, само колку за вкус.
А јак вкус има, се осеќа вака во каша? Сакам да и го смешам со грашок, морков, нешто така, па страв ми е да не не ми јаде ако е со нешто јак вкус.
Нема јак вкус откако ќе го свариш, на сечење се осеќа ептен кога е свеж. Јас не ни знаев за ова, му го давам на бебе до сега во поголеми количини.
Додека сме кај пашканатот, можам ли да го замрзнам? Како да ги чувам подолго свеж? Денеска купив 2 корена, а не ми текна што да им направам за да останат свежи.