Значи мојава да не и нудам нема да побара да цица. Меѓу оброци ќе повлече 2 пати, толку и е. Вака цицка нејќе ама а влезе во скок најдобри другарки се со цицката навечер. Што бебе ќе беше
Абе не дека моево цица којзнае колку, ама е многу често. Како на некој режим да е, почесто, ама по малце
Majki bebe e 5+++,do sega dadov jabolko, morkov, avokado, brokula, batat i tikvica. Sto mozam sledno da dadam?
Круша, банана, праска, компир, тиква, ориз, палента, просо Ова се е од 4-6 месеци, според шемата што ми ја даде педијатарот
А дали ако оброкот е овошје тогаш се дава претпладне, а зеленчук попладне...така ми кача педијатарот. Зборам за периодот кога ќе бидеме само на еден оброк.
Кога почнавме со вкусови давав зеленчук и од сабајле. После тоа за доручек да, овошје со житарка. Ако давав нов вкус зеленчук и давав колку да проба пред доручек. Кога воведов ручек за ручек зенечук давав. Вака како што ви кажал педијатарот му доаѓа кога ќе има 2 оброци.
Мами ние сме 4+++, на Ад сме па сакам за започнам со вкусови деновиве, за на 6м да воведам оброк. Сакам да почнам со зеленчук. Педијатарот ме советува да не почннувам со морков и компир заради запек. Кажете ми што се др може да давам. И слива кога може бидејки по некои табели можам сега, според секои подоцна. Што се би можело на оваа возраст да пробаме? Ви благодарам
Можеш тиквица, тиква, брокула , сладок компир. Во табелата од мојот педијатар сливата е дозволена 6+, и јас тогаш почнав да давам.
Да, јас имам табела каде што е од 6м и една од 4-5м. Исто и пашканат на една 6м на една 4-5м. За сливата педијатар вика може. Исто и за брокулата сум во недоумица од иста причина. А од житарици може ориз и палента така? Гризот мислам има глутен. Оризот и палентата претпоставувам на крај за да се комбинираат со веќе воведени овошки
Изгледа истата листа ја имаме, и на мојата пишува пашканат од 6 до 8; ќерка ми е 7++, уште и немам дадено, но планирам до крајот на месецов. Гриз почнав да давам тек последнава недела дена поради глутенот, а палента и ориз давам од 6+, со тоа што почнав со палента прво, и тоа онаа на Хип, како инстант што е. Ако нешто се двоумам (покрај педијатарот секако) одам по советите од mal gurman. Таму вака вели за слива, гриз и пашканат:
Можам ли авокадото да го исчистам, да ги испасирам и да го замрзнам? Едит: и со што да комбинирам? Вчера банана и авокадо, како така помина, денеска јаболко, морков и авокадо, не го бендиса, а ретко се случува да одбие храна.