Здраво,незнаев каде да го сместсм моето прашање па доколку не е за овде слободно преместете го.Ме интересира дали постапувам правилно во врска со храната.За неколку дена сме 6 месеци,бевме на ад аптамил па по разговор со патронажната почнавме со млеко тетрапак.Е сега од пред 2 месеци почнавме и со повеќе цицање. Ад-то веќе одамна не го пие а и тетрапакот не го сака се молиме и едвај пие 2-3 пати во денот. Цело време бара да цица. Наутро јадиме чоколино, фрутолино или млеко со бисквити како доручек потоа сокче, цицање и сл,потоа зеленчук за ручек па несто овошје малку чоколадо животинско една коцка или бисквитче.Потоа можно е да испие млекце ако се залажи со цртан и сл. Потоа пиеме млеко пред спиење па или ќе го испие или ќе остсви малце и пак е на цице така цела ноќ.Незнам колку е во ред дома се паничат демек ослабенко му било бла бла а детето пред два месеца бесе 6500 а сега домашно вагано е 8кг.Се извинувам на долгиот пост но стварно сум со помешан ум. Поздрав
Мама некако нездраво го храниш детенцето. Според мене е малечко за да јаде толку многу во денот. Доручек и ручек ок, штом веќе не напредувало со млекото, ама уште еден оброк, ова ужина ќе му дојде, мислам дека е многу. И немој само на лино за доручек. И никако чоколади на бебе... Едит: за доручек има многу опции, еве ќе набројам нешто шо јас му давам: банана и 2 бисквити, јаболко, морков и авокадо, јаболко и фрутолино, јаболко/круша и просо/гриз/палента/житарки на хип. Уште едно едит: не знам какво е тоа медицинско лице што предлага тетрапак млеко на бебе од 6м.
Бебе шест месеци, правиш се што е погрешно. Која е таа патронажна што препорачува тетрапак млеко на таа возраст? Чоколино, фрутолино, сокче и животинско царство?!??!?! Ова извини ама би размислила дали да го дадам бебето кога ќе наполни и една година, а не на шест месеци кога му е потребно се освен ова. Не сакам да бидам груба, ама на овој начин не само што нема да накачи килажа туку и имунитет ќе му ослабне, и крв и се. Најди си асален доктор да ти каже што и како, а не да те советува тетрапак млеко да даваш..
Не е во ред. Најди асален педијатар, советувај се со него прво за млеко, а после и за немлечна исхрана.
Исхраната е лоша и не е здрава за бебе од 6 месеци. Ниту чоколино ниту фрутолино, ни млеко ни бисквити сум дала , а има 1 год и 3 месеци. Животинско и дадов на год и јаде една до две коцки неделно. Со ваков режим на исхрана ќе му го бутнеш имунитетот. Сега се во период кога може да им даваме тоа што е здраво без да драмат. Ќе има време кога ќе јадат такви работи.
Искрено мислам дека сите сте во право,но дома кај нас е ситуацијата што се прави кавга дека детето треба се да јади а јас не му давав.Одбивав се од ова но дома се караме и со мажот ми оти му сум бранела на детето не сум му давала што јаделе сите(муабет од свекрвата) по месец скарани дома за тоа.И заради неможност да се разберам дојде до ова. Па и капак на се детето како што напишав им личело ослабнато и пак јас крива. Фала ви на советите сосемс сте во право но 2 спрема 1 неможиш да се разбериш свекрвата знаела деца изгледала јас не сум знаела.
Мајка верувај дека сите те разбираме. Мислам дека нема некој што не поминал низ тие муабети, дај му нека лизне, гледај како ме гледа како да не му дадам, и вие јадевте леб и млеко па израснавте итн. Тоа е борба секојдневна ама за здравјето на детето не правам отстапки не маж не свекрва кој сака нека е. Јас имам дете нејадач, безброј "совети" имам добиено, ама помирно ми е 3 лажички добра храна да изеде отколку 100 грама Монте. Прочитај едуцирај се за храната што му ја даваш и зошто е големо не. Само еден пример ќе ти дадам и ќе завршам. За да се разгради белиот шеќер во организмот на бебе црпи од калциумот од коските и забите.
Па види сеа, подобро скарана еден месец отколку бебето на 6 месеци да јаде животинско царство. Значи има избор, здрав избор за бебе од 6 месеци. Не може да го заситуваш со чоколино, фрутолино. Има кашички, не сум запозната со месото како е од 6+ ама дефинитивно можеш да симнеш бебе готвач и прави му јадење на бебе од тоа. Едноставно. Не мора да јаде чоколадо затоа шо свекрва ти или мажот ти јадат. Ај ако не па и пита бурек нека направи свекрва ти, нека проба дете, може ќе му се свиѓа Едит: батали и патронажна и свеки и маж, консултирај се со педијатар. Тоа се луѓето шо треба да кажат шо треба/не треба бебе да јаде.
Вервај дека да не сум дома да го оставам на неа и тоа ќе му го даде без око да и трепне вервај, за тоа и се нервира. Неможам кавгите секојдневие станаа страшно
Абе карај се до бесвест, ти си му мајка на тоа бебе. Она си го израснала нејзиното дете, нека те остави ти да си го растеш твоето. Јас стварно искрено мислам дека ова не е здрава храна за бебе. Ако јаде коцки животинско царство на 6 месеци, па кога ќе се научи на ориз, на палента, на брокула? Ќе имаш мака 10 години за да го храниш со здрави калории. И тоа заслабено им се чинело, бог да чува. Па баш и не мора секое бебе топка дебела да биде Свекрва ти ако ја виде мојава ќерка, ќе ме распне на плоштад гарант
Кажи им дека заради лошата храна детето изгледа ослабено, иако според тоа што пиша килажата е супер за возраста. Почни давај му два убави оброци. Сабајле овошје со житарки, попладне зеленчук. На свекрвата кажи и ако сака да дава животинско на бебе нека си го роди. Извини за дрскоста, ама не смееш да им дозволиш на толку мало бебе да даваат свашта. Кога почнав да му воведувам прв оброк добив секакви коментари, мајка ми викаше рано е не му давај толку многу, свекрвата викаше малце му е дај му уште да се најаде дете, па ме советуваше на 5 месеци лепче да му дадам. На сите коментари одговарав со Важи, Добро.. Нормално не послушав ни една ни друга, го слушав педијатарот и читав едукативни профили како мала беба велики гурман.. разгледај го профилот на инста, има многу корисни информации
Буквално исто, секој ден со ова се расправам. Дај му лепче, макни му од ова да проба, од она.. Па ја колку деца исчував, на братучед ти патлиџани и мед од 4 мес му даваа, па еве го голем маж. Заради тоа или сама му спремам јадење и го хранам подалеку од сите, кога е убаво времето во двор, или во соба, или кога морам да го оставам на чување кажувам точно што да му дадат, макар и да е готова каша, знам дека нема да е манџа или сл. Чоколади и сокчиња забранив дома да се чуваат, ако на некого му се јаде, нека си купе за себеси, а не за детето што не знае ни што е тоа.
Се јади машала и брокула и палента и ориз буквално се.Епа замисли како живеат на село мора да било дебело то било здрави дето ама како да им кажеш дека тоз време беше друго време и здраво време и храна
Забегавме во темава ама сепак мислам дека татко ми го држи врвот во советите кога рече дека кога ќе сме иделе во Грција, бебе ќе е 10 мес, ќе си јадела локумадес
Јас мислев дека врвот е животинското Мм секој ден доаѓа од работа со муабет "тато ти донесе животинско", за до вечерта 10 пати да ме праша до кога ќе треба да му ги чува т.е кога ќе смеел да му даде чоколадо (да не им поминел рокот). А не знае дека мама секој ден си ги јаде за доручек