После неколку дена види.. А просо еднаш му имаш дадено и исфрли алергија право? Давај помалку со веќе воведена намирница.. Душичка..
Не, му имам давано повеќе пати, али овојпат му потекоа очињата и во тоа се сомневам (просо и кисело млеко јадеше), не знам пд што друго би можело да се случи тоа.
Може од сонце, ветер, ако си го шетала, ако е беличко, моето нон стоп му солзат.. И мустела фактор 50 мачкам, педијатерот ми кажа. Според мене ако е од храна, ќе исфрли прво на тело, лице раце.. Ќе кашлаОти јас цел живот имам алергија.. Така мислам
И ја така мислам, али тој ден немаше излезено од дома, сабајлето беше, пола саат после доручекот му се случи. Немаше др реакција освен отечени, црвени капаци. Ни му солзеа, ни го чешаа очи, ни па на др место имаше нешто.
Мами кога се почнува со вкусови и цврста храна, како ги приготвувате оброците во смисла како ги разредувате откако ќе ги сварите со водичката кај што се вареле или со АД. Имам готвач на пареа, па ме буни дали може со АД? И во рок од колку време се фрла таа каша?
Мене ми е логично овошје и зеленчук да се подготвува само со вода, а инстант житарките може и со АД (додуша на нив така си пишува). За колку време се чува не знам да ти кажам, ја му ги спремам за одма, ама мислам дека ако има АД би требало трајноста да е исто толку колку што е на АД млекото.
Јас кога давав по малку на почетокот со водата што се варело разредував. Кога ќе почне со оброк веќе и разредував тоа што оди со АД. Најмногу што имам чувано домашна каша е саат време, кога сме биле негде надвор, а јас сум и ја направила од дома. Сепак зависи од што е кашата, некои продукти трпат повеќе време во фриз, некои не.
. Да, само ме буни на пареа што ќе готвам, ќе немам водичка од самото овошје па затоа помислив со АД. Ако не можам и да варам. А специјално за него го земав готвачот на пареа
Со самото тоа што ќе готвиш на пареа тие внатре ќе бидат доволно влажни, нема да имаш потреба од дополнително разредување. Ако епрен ти треба можеш да разредиш со флаширана вода.
Би дале на бебе вапцано јајце? Немам уште воведено жолчка, а сеа имаме еден куп варени. Ама ми е страв од бојата или нема врска, не стига до жолчката?
Од бојата не ми е страв, ама ако даваш првпат подобро е да биде домашно јајце ако имаш домашни супер Среќен празник
Задње кога бев на педијатар прашав за аронија, боровинка, малина, ми рече такви работи после 11 мес. Е сега не знам дали и рибизлава спаѓа во таа група. Јас лично во таа група би ја ставила.