Пред година се дава само од жолчката. Прво стави малку од неа. Ја давав со палента, кисело млеко, спанаќ.
Веројатно мислиш на жолчка. Па не мислам дека би можело само жолчка да дадеш, нема да ти ја јади. Обично вкусот на жолчката тешко го прифаќаат бебињата, па на почеток мора да ја маскираш во нешто што има појак вкус како банана или во нешто што му е омилено. Јас давав со брокула и ориз зошто многу ја сакаше брокулата и само така ја јадеше на почеток жолчката. Или можеш да ја мешаш наутро во овошните каши, потоа со палента и кисело млеко.
Можеш и како сува слива, само во состав да нема конзерванси, шеќери и слични хемии. Пред да ја дадеш се потопува во врела вода 10-15 мин да се редехидрира
Да, знам дека треба да се потопат претходно. Тогаш најдобро би било да воведам со готова каша. Незнам каде би нашла сливи без хемија Вие од кои давате?
Мајка ми ми има купено од Кам или Стокомак замрзнати, а јас имам земано од Тинекс суви без конзерванси.
Мајки, 6+ сме, веќе имаме едно оброче, еден ден овошје, еден зеленчук. Сега шо е следно, како е воведувањето ручек? Да биде пример доручек житарка со овошје, па за ручек зеленчук(дали одма колку шо сака да изеде, или постепено по малку да наголемувам?) Дали може да воведам прво вечера? Шо би можело за вечера? Дали вечерата влијае на подобар сон, бидејќи се буди многу пати, и како гладен е, едвај чека да му дадам? Второ дете ми е, а како првово да не сум го родила, ништо не памтам
Јас на 6 воведов ручек, на 7 вечера. Од сам почеток, од 5 почна со храна и давам колку што сака да јаде, а јаде фино, зашто е ко шпагета слаба. Јас не би вовела прво вечера, да се навикне на повеќе храна желудникот прво, да не му прави проблеми навечер. Инаку кај ќерка ми имаше ефект вечерата, помалку се буди за цицање откако вечера. (Освен во скок кога е). За вечера обично и давам палента со кис млеко, бисквити или гриз со ад, некоја инстант ноќна каша на хип со ад и сл.