Твоето бебе е поголемо од моето мислам? Кога воведовте 2 оброк? Мојава значи уште нема прв цел оброк.
Јас почнав да ја хранам на 4++ односно вкусови 2 недели си јадеше по малку, на 5 месеци воведов оброк, на 6 месеци втор еве 2 недели сме со 2 оброка, и си јаде машала лапа се. Освен авокадо друго се си сака
Моево е исто 6+, јаде цела мала тегличка,после оброкот гледам бар 30 мин да поминат и цица. Некогаш не чека ни 30 мин, одма цица. Води се по детето, шо е спремно, колку е спремно, дали сака, несака... Ти си го знаеш најдобро. Ништо не грешиш ако е по воља негова
Лелеее ова мое дете ништо не сака да јаде. На екслузивно доење сме, за 2 дена прави 6м, почнавме од 5,5 со вкусови и ништо не сака, ќе ја затвори устата и крај. Почнавме со зеленчук, проба морков, компир, тиквица и брокула, му правев и комбинации ама нема шанси. Денес реков ќе му дадам банана, џабе, пак истото ќе ја затвори устата и крај... Кажувајте чаре...
Мајка биди трпелива, само што сте почнале, до сега само за млеко знаело и све му е ново. Полека, треба време да се разјаде. И кај нас беше така, па еве после месец ипол како термит е
Само трпение и нерви чувај. Ние сме 9++ уште не е јадач ама ќе пројаде кога тогаш Редовно нуди, пробувај различни облици, текстури, нешто ќе упали
Здраво на сите, каков сируп давате во случај на алергиска реакција? Матичната ми рече са имам дома зиртек за секој случај но на него пишува за децанад 2 год. Син ми е 9месеци. Барав по нет најдов уште два други но и тие се од 1 година.
Denes awmav vakvo misirkino meso, okej li e da go dadam na bebe.Kako go prigotvuvate , go varite pa go zamrznuvate ili ?
Да, можеш да даваш од ова. Јас го варам и мешам со зеленчук. Мисиркино не замрзнувам бидејќи остатокот го јадеме ние, но можеш да го свариш и замрзнеш поделено во порции.
Ако му е до 8ми, тоа е дата на рок на траење ако се чува во фрижидер. Ако се свари и замрзне не е истиот рок.
Фала ти на информацијата не сум знаела за ова дека е вака, го замрзнав јас веќе, за два дена планирам да му дадам