Кога правите оброк, кој ви е соодносот на житарки и овошје? И ме интересира за палента колку ставате за еден оброк за мала тегличка?
Ја околу 1/4, максимум 1/3 од оброкот му ја правам житарка, другото овошје. Палентата не ја мерам, отприлика, али ептен малце, дали 1 или 2 лажици, повеќе не.
Зависи со што комбинирам. На пример палента, ако давам само со кисело млеко, тогаш правам со 2 лажици (сооднос со 10 лажици вода), а ако правам со кисело млеко и жолчка, тогаш правам палента со 1 лажица (сооднос 5 лажици вода). Овес правам или со 2 или со 3 лажици, зависи колку овошје ќе комбинирам. Гриз секогаш правам со 2 лажици.
На Бисер, ја земав за нас, ама гледам нема многу сол па ќе му дадам да проба. Само не знам од кога смее
Мајки сте дале ли хељда? Денес дадов просо со брокула си го излапа можам да кажам за прв пат изеде толку е сега немам вага да мерам колку е ама се водам според лажички колку ќе изеде беа 24. Од прилика вие што сте броеле лажички колку е приближно оброк? Претпоставувам не мора житарка 3дена да се воведува,на пр денес сум дала една утре можам друга? За хељдава не ја најдов во табела ама и она е без глутенска. Фала
Ориентирај се според тегло од готови кашички ако немаш вага полесно е.. За хељда не знам, ама за воведување секоја житарка по 3 дена треба да ја даваш..
Фала ти значи исто 3дена. Немам ни празно тегло . Она сакаше уште ама не и дадов ми беше страв да не е многу дека до сега само по 2,3лажички јадеше.
Јас не се замарав до толку со житарки, 3 дена безглутенски 3 дена со глутен толку, многу ми беше по 3 дена за секоја. Инаку со тегличка од готова каша мери вода на пример во тоа што му даваш да јаде и ќе знаеш приближно колку даваш. И мојава обожава брокула и покрај тоа што е таква бљантава варена и незачинета.
Каква вода давате? До сега му превривав, ама мачно ми е веќе. Сакам купечка да му давам, ок е Ладна на пример?