Ве молам искуство со бебе нејадач има интолеранција на лактоза За некој ден 8 месеци ќе прави. Ништо не сака да јади едвај по 5-6 лажици пробано и со овошје и зеленчук исто е Незнам веќе што да и давам...
Претпоставувам си пробала секакви варијанти пасирано,мелено,парченца,кашесто по густо по ретко... Не знам што да ти кажам освен не се откажувај
Исто сме од нејадачите, последно што "пројаде" беа некои палачинки и сега секој ручек го адаптирам да е у форма на мафин т.е да не е класично чорба манџа и така зинува колку толку каснува. Давам чисто идеја пошто мака е голема со овие нејадачи ама ќе пројадат кад тад Боранија не јадам јас, ја прескокнав, у градинка ќе му уведат
Јас давав купечка, еден момент ми се деси да снемам, а немав време да превривам и му направив млеко со таа од чешмата. Од тогаш почнав од чешма да му давам(7м) и кога прашав на контролата ми кажаа дека е во ред и од чешма, само ако патувам негде да му давам купечка заради осетливост на стомачето.
Јас ниеднаш не сум преврила. Од почеток е на АД и користев вода за бебиња Нера Критис од Зегин. На 7 месеци се префрлив на обична Нера Критис за возрасни и ние таа дома ја користиме.
Мене не ми е за давање вода од чешма. Јас кога пијам од неа, ако пијам подолг период (1 недела, 1 мес или повеќе), после имам проблеми, ми се појавува бактерија во желудник, болки, подуеност и слично и сфатив дека е од водата. Така шо на него во никој случај не би му давала. А можда зависи и во кој град живеете, имам забележано дека секаде има различен "вкус".
Тоа повеќе зависи од доводот,дали се и кога сменети цевките. Дали се уште од оние старите или се нови пластични. Иначе секоја вода ја хлорираат и би требало да е безбедна
Има ли некоја искуство со интолеранција на лактоза кај малото? Утвредена е кај моето а немам никакво искуство поврзано со тоа, кои млечни производи ги давате? Дали има кај нас освен Алпско и од други производители без лактоза? Дали давате растителни производи што се замена за млечни итн. Фала
Јас хељда дадов во 7иот месец, не се сеќавам која недела беше. Сметав дека е во ред бидејќи е безглутенска, тогаш уште немав воведено глутен. На Мали Гурман пишува 8+ за хељдата, ама јас доцна видов. Сепак мислам дека може и порано. Мене педијатарот ми рече над 9 месеци дека може да почнам да давам од чешма, Скопската вода ја тестирале 3 пати на ден демек и е меѓу поквалитетните.
Мене педијатарот ми рече над 9 месеци дека може да почнам да давам од чешма, Скопската вода ја тестирале 3 пати на ден демек и е меѓу поквалитетните.[/QUOTE] Се согласувам дека водата во Скопје е исправна и континуирано се испитива и се внимава на квалитетот од страна на водовод, но сметам и дека не треба да се занемари нејзината тврдина и оптеретувањето на бубрези кое го прави истата. За возрасни и здрави луѓе водата е супер но за мали деца и луѓе со проблем со бубрези не би рекла дека е…
Хммм, баш ме чуди педијатарот што ти кажал дека може бебето да пие вода од чешма. Стави вода у една чаша и остави ја цел ден, па утре дента истури ја и види дали има талог / прстен од каменец. Ми се случувало стаклени шишиња да се заматат од каменец од водата до тој степен што биле за у канта од што не сум можела да ги исчистам. Ја за мене ја филтрирам водата од чешма со бокал за филтрирање, не па за бебе мој совет, не секогаш слушајте буквално што ќе ви кажат педијатрите, нити па сѐ што ќе прочитате на форум нели