И јас дадов пред 8от месец, немаше реакции. Тој од јаболко, слива се исфрлаше цел по лицето црвенила од јагодата немаше ништо. Баш затоа ми препорачаа да дадам порано јагода и други алергени. Ама не живеам во Мк, тука после 6м е скоро па се дозволено
А путер од кикирики? Читам на многу места одма даваат, 4+ демек. Малце путер разводнет со вода, да биде течна смесата.
И кикиритки дадов исто на 7-8м, но мелени во каша. После 10м давав путер од кикиритки, тогаш ми текна да купам.
Ако сакаш да биде потечен затопли го малку, нема потреба вода да додаваш. Јас на 6м дадов путер од кикирики, намачкан на лепче.
Мене ме предомислија за јагодите. На една жена бебето 11м имало алергиска реакција и во болница ја искарале дека во никој случај не се дава пред година. Туку, ве читам за суво грозје, суви сливи, кајсии и урми. Како ги приготвувате освен што ги откиснувате прво? Ги блендирате или?
Сувите овошја или ги киснам во врела вода или ги варам. После тоа вадам лушпи и ги пасирам. Можеш и да ги блендираш.
Можеш и само покиснати, а може и варени. Ако пасираш извади лушпа, ако блендираш нема потреба. Јас најчесто давам суви сливи и кајсии со просо и ептен малце вода, блендирани како мармалад доаѓа, ептен е убаво
Можам ли од сабајле да и сварам ручек, па во фриз да седи? Како правите вие што веќе сте тргнати на работа? По некоја логика на нештата за нас зготвено седи по 2 дена ама па за бебе сум на мисла .
Кад готвам за два дена, стерилизирам теглички од готови каши, врело го ставам јадењето во врели тегли, малце ма собма додека да мозе да се фатат и после во фрижидер, тегличките се така речиси вакумирани пак од горе и ми стојат за дента ручек и следниот ден исто, само зеченчук и овошке може о ден плус да оддтои, со месо не би ризикувала поише од 2 дена.
Јас нешто слично како членката над мене правам ама јас и пастеризирам…идејата ја добив од хрватската група за кашички и терам така веќе 7 месеци…правам список и купувам намирници за ручек за следната недела и еден ден дали сабота или недела, стерилизирам теглички готвам во меѓувреме 5 различни оброци во топли тегли редам и назад во рерна пастеризирам…исто како компоти што правиме, ајвар и други макала..можеш истово и на рингла да ги вриеш ама во рерна ми е мене полеснo…само не користам тегли од кашички, зошто после стерилизација капачињата веќе губат форма и на затвараат како треба…кога јадеше 180 гр најдов такви тегли и во нив правев, сега јаде малку повеќе па купив поголеми…ова ми е искробано само за зеленчук…доручек немам вака правено…мене ми е многу лесно и практично, сега веќе влезена сум и во форма, за 2 сати имам 5-7 ручеци и не му ја мислам цела недела, место секоја вечер да правам за другиот ден
Здраво мајкички ❤️ Бебе има 8 месеци, веќе почнуваме со градинка адаптација, за скоро 2 недели ќе треба да е по цел ден бидејќи јас почнувам со работа, но си имам мака до јадењето... Во оброците кои им ги даваат има кравјо млеко, макарони, јунешко месо, леб, чај со лимон итн... Малово ни за жива глава месо во уста да стави значи и правам пилешка кашичка мешана со зеленчук нормално, телешка исто така и нема шанси... Некоја од вас со слично искуство како да ги пројадеме кашичките , во градинка ми кажаа ако не јаде останува гладна до следна ужинка (овошје)
Јас од вечер и готвам за нареден ден, во фрижидер и нема гајле. И тоа само го ставам во тегличка чекам да се олади и во фрижидер. Еве до сега ништо не и се десило. Нареден ден само загревам. Мами мојава додека да тргне во градинка ако веруваш ништо не јадеше, се молевме одвај по 3-4 лажички да касне. Во градинка недела дена исто правела проблем по 3-4 лажички само јадела ама после виде не виде дека нема друго и си пројаде. Еве ја сега све им јаде. Дома за палента уста не отвара а во градинка им ја јаде. Немој да се секираш, ќе пројаде се.
Ставај јаболче половинка во зеленчуковите кашички или косело млеко. Инаку мојава дома сме со лажење молење за јадење, а во градинка јаде најнормално. Им се активира во градинка survival mode и знаат ако не јадат друго нема, за разлика од дома каде ќе те мафтаат како сакаат. Инаку во градинка во ручекот им ставаат јогурт, можеш и така да пробаш.