Ние сме 8+++ и исто имаме пробано малина, боровинки, вчера прв пат јагоди.. па од алергените ќе ни остане белка. Педијатарот тука исто советува од порано да се дадат и имам зелено светло за белката ама некако страв ми е. Дали ја имате вие воведено и како ?
Мајки изгубена сум во време и простор. Пред 3 недели некаде почнавме со вкусови, проба од тиква, морков, јаболко, круша, слива, јадеше и мешано морков и јаболко незнам дали е грешно тоа. Сега планирам батат, компир, што уште смејам да давам? За една недела сме 6 месеци, ама некако незнам што се треба. Од млечни уште ништо не планирам испадна дека е алергичен, па пие специјална формула. Ама вака да имате некоја табела или некоја искусна мама да ме посоветува како треба ? Ви благодарам.
Јас не стасав да дадам јајце оти пред тоа воведував други работи, после на одмор отидовме ама сега кога ќе се вратиме дома ќе воведам, тоа ќе биде на 8ипол месеци. Одлучив да му дадам посебно 3 дена жолчка, па после белка 3 дена. Од 9 ќе тргне на градинка па морам да му воведам цело јајце, другите мајки тука што ги гледам даваат одма цело јајце не знам они ли грешат, ние ли
И мене тука педијатарот ми рече од 8 цело јајце, ама само жолчка и воведов. Ќе видам можеби во палачинки или некако да и ја воведам, неможам да најдам да прочитам дали има некој посебен начин како се воведува белката
Каков е тој цејлонски цимет? По што се разликува од обичниот и кај можам да го најдам? Јас купив обичен ама уште не сум му дала, ми рекоа дека многу влијае врз шеќерот.
Зошто да мора цело јајце за во градинка? Во нашава градинка само жолчка даваат. Ќерка ми ќе тргне пред година.
Нели може само белка, варена, блендирана со зеленчукова кашичка? Цејлонскиот цимет е малце послаб од обичниот, јас го купив од ДМ инаку го има сегде низ маркетите. Кај вас може поразлично е, тука гледам на сликите некогаш јадат сендвич со јајце варено.. секако пред да почне имаме состанок да ми објаснат што како. Верувам дека ако кажам нема да му даваат на моето, ама не ми пречи да воведам порано.
Тука има убаво опишано разлика https://sezahrana.mk/како-да-препознаете-добар-цимет/ Во некои јадења ставаат цело јајце , за ручек . Јас на 10 месеци воведов во палачинки.
Белка прво намачкав на подлактицата за да проверам дали има реакција. Потоа дадов во американски палачинки.
Тврдо сварена дадов директно некое парче, за да знам дека изел, а другото блендано со јогурт, тој му е омилен за да знам дека внел доволно. 1/4 ден пауза, 1/2, ден пауза и цела белка. Нормално немаше изедено ни пола ни цела белка ама не даде реакција така што ја сметам за воведена. Рецепти за грав:
А моево дека уста не отвара па морам блендирано, можам да го изблендирам гравот со зеленчуците и водата така? Ваљда не грав 3 дена?!
Мајки кога давате втор оброк? Ние деновиве ќе воведеме и се прашувам кое време да му давам. Претежно му давам кашичка околу 10/11 претпладне. Ок ли е е ручекот да биде 5/6 попладне?