Како е тренд пасирана храна?Па порано блендери немало.Веројатно пасирале со вилушка.Олеснителна околност е за мајката ако бебето прифаќа пасирано.Немора со себе да носиш апаратура кога си на пат Еве моето бебе навистина не сака мазна и течна каша,ни блендирано.Пробав 3 недели и одбиваше да јаде.Пасирано јаде веќе со месеци(сега е 8 ++),давење сме немале ниеднаш.Си го следам детето и се водам по него.Самата кажува за што и кога е спремна.
До негде се согласувам со муабетов. Да давам јас на бебе да ме води колку сакала она да јаде, сигурно. Мојава од млеко не качуваше килажа, не па да се зезам ја, да почнувала со храна со шмукање, со лижење, со гмечење на хранилка, знаело бебе кога му е доста, ќе се најадело со шмукање јаболки. Бутај лажицата со лажење ако треба, само да си се најаде бебе. Инаку блендирано никогаш не и дадов јас, одма пасирано, зашто прво си реков ај не ќе давам за нутри булет 10000, за две три лажички, покасно ќе купам, па се разјаде мојава без проблем пасирано и така си продолживме
Урда така жива јас лично не би јадела па нема да дадам ни на бебе. Има Моцарела,Павлака, Јогурт, Кисело млеко веќе може и Абц намаз. Јас давам веќњ мешано и блендирано и пасирани и парчиња веќе јаде. Многу се плашам од задавување.
Ова кога ќе прочитам за порано, кога е тоа порано ? Пред 300 год?! Па јас имам над 40 год мајка ми за мене лудило блендер имала, пукна пластиката на чашката пред некоја год. Мелеше од зрна кафе, шеќер во прав, лешници до се и сешто. Црвен на Горење. Секако е ОК и бебе да јаде блендирано пасирано парчиња ама да знае да јаде и најбитно да има нерви мајката. Јас на пример немам нерви за парчиња да чекам саат време. Давам блендирано јаде за 5 мин и одиме надвор, лето зима , дожд ветер сеедно. Битно ми е да излезе. Ама ете знае и да џвака па и давам и парчиња за ужинка од 8 месеци. Терајте бебе како сака така да биде, важно да јаде и како ви е вас најлесно.
Па далеку дека е тренд или помодарство давање пасирано.Не чекам со часови да јаде ни јас.За 15 мин е готова со оброкот.
Абе уживај, блендирај му ти и до 6 години ако сакаш да не се научи да јаде и да повраќа сѐ што не е мазно. Внук ми во школо иде уште не знае да џвака од тоа блендирање. За какви трендови збориш? Блв? Тоа не е од вчера измислено, само сега се популаризираше. И никој не рече дека на дете првото пробување треба да му е парчиња, туку блендираното да не е скроз мазно. А од давење до засркнување голема е разликата.
Јас па не можам да замислам да бутам на бебе со сила храна.Ни јас со сила не јадам.Не пак мало суштество кое не знае со збор да каже Не ,да му бутам за да бидат задоволени некои мои норми на ухранетост.
Ист е процентот на бебиња што можат да се удават од јадење и на блендирана и на парченца храна. Немојте да мислите дека ако давате течна, мазна блендирана не може да му залетни. И од млеко пиење може да се удави, тој што имал преголем притисок на млеко во градите знае за што зборувам. Особено, особено зголемен ризик имаат дечиња што не седат, туку во хранилка се седнати/легнати под агол од 45°. Епа јас не спремам посебно за бебе, туку истото што го јадеме ние и не ги трошам ни тие 5 минути, оти јаде заедно со нас, па после јадење одиме надвор.
Тоа ми е муабетот , сите се различни, без форсирање на било каква текстура. Како е најдобро за бебе и најлесно за тебе.
Ќерка ми јаде парченца,да не речам голта како нас можда и пред 7 месеци да наполни,сега има годинка и си јаде од нашиот ручек и давам нормално,не и давам сама да јаде често бидејќи немам многу нерви за нередот,само грицки јаде сама,кај и да одиме не и носам храна посебно за неа освен babylove кашите во ќеса за ужинка. И не разбирам како ова е помодарство а не бенефит И не и седев со пиштол на чело дека мора да џвака,пробав,прифати одлично,дури се изненадив,секој знае што е најдобро за своето дете и ништо не е погрешно.
На 7 месеци некаде. Телешко. Мене ме интересира печурки кога се даваат? Има некое правило или може после година?
Мојата ич не сака да јаде. Едино блендирано можам да и бутнам за да голтне. Пробав и пасирано и не бива. Гаг рефлекс. И уста не отвара.
Мајки да ве прашам од каде купувате зеленчуци и овошје за бебе и дали се тоа органски производи или не? Наскоро и ние ќе почнеме со вкусови па да почнам да учам што од каде е најдобро да се земе, секако споделете и линкови ако имате омилен маркет, благодарам