А палачинки како им правите? Мене ми се растураат, стануваат црни одоздоле веднаш штом ги ставам во тавче за палачинки, па земав да ги печам на хартија, така колку толку поцврсти се, ама пак како нешто да им фали. Ставам јајце, овес и банана.
Јас обично ги правам со банана, јајце и мелен овес, но некогаш и со јајце, овес и спанаќ. Ја пасирам бананата, додавам јајце и потоа мелениот овес се додека на ја добијам посакуваната густина. По потреба додавам и вода ако е премногу густо. Во меѓувреме загревам нелеплива тава на максимум 9/9 па пред да ги ставам првите палачинки намалувам на 7/9. Смесата ја ставам со голема лажица или со најмалото од лажичињата дозерки што ги имам. Кога ќе почнат да се појавуваат меурчиња на горната страна ги превртувам или ги проверувам дали се спремни за превртување со шпатула. Ги пржам уште некоја минута на другата страна. Кога ги правам со спанаќ, смесата ја блендирам и исто по потреба додавам вода или овес за потребната густина.
Хомогена ти е смесата или се познаваат грутки од бананата? Кај мене не се појавуваат меурчиња. Веднаш штом ја ставам во тавчето се појавува црна кора одоздоле.
Да се познаваат грутчиња низ смесата. Не ми се прави црна кора, ама гледам ти одговориле дека е поради тоа што ги правиш на плин.
Си бута она и каша. Што и дадеш јаде, нема проблем. Бисквити, банана, јаде сама секако. Ќе си јаде комбинирано, немам време јас да правам 4 пати на ден мафини и палачинки, па после да чистам стан 4 пати на ден. И со лажицата сама јаде ама не сме во состојба да го реновираме станот 4 пати на ден, после секое нејзино јадење каша со лажица . А инаку ќе и бутам со сила пак, зашто на 9 ипол месеци има 7300г, па немам јас простор да се зезам со бебе она да одлучува колку сака да јаде.
Дај да се трампаме. Ние вас килажа вие нас желба за јадење Јас ќе готвам ќе чистам ич мака немам за тоа Маж ми уште се чуди како по толку месеци уште редовно готвам, нудам, фрлам и не се откажувам.
Хахахахаххаха. Секој со своја мака со бебињава. Мојава лапа повеќе од мене, а килажа слабо, само во должина оди, од раѓање 25см е порасната за 9 мес. Ко шпагета е
На 7 месеци (почнавме на 6 месеци со дохрана). Почнав со домашно пилешко. Редоследот е пилешко (со зеленчук), ден пауза (не воведуваш нови намирници во деновите пауза), пилешко (со зеленчук), ден пауза, пилешко (со зеленчук). Истата шема е и за останатите видови меса и риба.
Ние почнавме на 4++ со дохрана, педијатарот ме советува да почнам со телешко поради тоа што хгб и е на долна граница на мојава. Сега е 5+++, да не е рано?
Штом имаш препорака од педијатар ќе тераш така. Инаку јас само телешко давав околу 7 месеци. Пилешко не давам, нема никаков бенефит посебно бело месо, сиромашно е со нутритивни вредности.
Исто и мене ми се прават вакви и јас прашував пред некое време, а ги печам на тава за палачинки божем. Изгледа ми треба поубава тава .
Чим педијатар дал зелено светло, давај Просо, киноа, леќа, боранија, блитва, спанаќ, цвекло форсирај повеќе. Важно е да не ги комбинираш со млечни намирници, сметаат да се врзе железото.
На прејако ви се ринглите пуштени. Пробајте на средна температура. Јас одма го ставам тавчето на 2ка пред да почнам да ја правам смесата, таман да се загрее додека ја направам. Една изгмечена зрела банана, 1 јајце, 2 големи лажици спелтино брашно, мешам (си бројам до 100 додека мешам ) и нема ни грутки, ништо. Пред да ставам да пржам ја премачкувам тавата со салфетка со капка масло на неа. Смесата треба да биде густа, како за американски палачинки. Како истураш од неа, таа не треба да се разлева или минимално само, туку одма се запекува. Штом појави меурчиња горе, ја вртиш уште минутка и толку. Премачкувам со масло на секоја втора палачинка.
@nevermet18 @Autumn Love јас мислам и до смесата е. И мене со овесни снегулки не ми испаѓаат, пробајте со било какво брашно. Инаку бананата може да се замени со пире од јагоди, авокадо и банана, батат. За шмекче можи спанаќ, путер од кикирики.. А солените палачинки на профилот кај мајката Ката се.. и од пица поубај