Да, јас така воведов белка, со мафин или палачинка, но пред да дадам на подлактицата намачкав белка за да видам дали ќе има реакција.
И јас нешто слично пробав да ја воведам, прво со мачкање ама кај нас имаше реакција, после ја дадов во проја два дена немаше реакција…од тогаш не сум дала иако немаше реакција од пројата
Поназад некоја членка имаше ставено рецепт за проја, го направив во калапи за мафини и му додадов спанаќ, топ испаднаа.
Мамички како да замрзнам цреши за бебе Да ги лупам и да ги вадам семките или само така да ги замрзнам
Трет ден пробува вкусови. Првите два дена пробуваше морков и беше онака неутрален. Денес тиквица не ја сакаше. Да давам се уште само по еден вкус или да почнам да мешам со морков и тиквица пример батат? До кога дававте само одделно вкусови или почнавте многу бргу да мешате?
Kolku od bio kakao mozam da mu dadam za pocetok? Eve primer sakam griz so edna mala lazica sirup od urmi i kakao?
Исто како и за нас…имам еден прастар рецепт од една пријателка, малку измешав со нешто што најдов на форумов зошто ги немав сите состојки, супер испадна…јас го правев во обично тавче па сечев парчиња ама ете може и во калап за мафини…јас ставив само несолена урда иначе можеш да ставиш и спанаќ и блитва и сл…ако сакаш рецепт пиши ќе се обидам да го најдам
Поназад некоја членка го имаше прикачено (не се сеќавам која). Наместо обично јас ставив крем сирење и 4-5 брикети замрзнат спанаќ. Наместо во тава смесата ја истурив во калапи за мафини и така печев на 180° 15-20 мин. Јас вакво какао користам Од зегин ми е земено. И во дм има био и мислам дека е поевтино од ова.
Пред една недела почнавме со вкусови, морков па тиквичка. Не е васциниран од јадењето, едвај 3-4 лажички од кои пола ги плука. 5 и пол месеци е. Како беа вашите на почеток?
Скроз исти. Морков така така, тиквица ич не апна, банана денес со мајчино млеко многу малку, утре планирам тиквица и батат да дадам па следно јаболко. Некако ми се чини ич не апнува.
На 5 почнавме, на почеток уста не отвараше. Морков, тиквица, се плукаше. Како проба банана, се разјаде бебево. Еве ја сега на 9 ипол мес јаде повеќе од мене.