Првото ми е јадач и не се сеќавам вака скроз на почеток ама мислам повеќе јадеше. Ова јазик ми вади, мава со рацете и не сака ич . Ајде се надевам од овошјето ќе сака повеќе.
Здраво, и ние почнавме со пробување па сеа имам неколку прашања... бебе е 5+++, денес и дадов прв пат компир и направи запек, до сеа се што и давам и давам по два дена, првиот ден по малце , вториот повеќе по совет од педијатарот , сеа не знам дали утре воопшто да дадам пак компир? второ прашање палента сакам да дадам, каква? и дали ја мешате со нешто овошје или зеленчук воведено ? и во кој сооднос?
Од таа на хип. Исто и на хип оризот го давам. И двете рабори со ад му ги мешам и изгледа му доаѓа познат вкус и ми ги сака.
Има на хипп 100% пченка, со тоа што имаш воведено може да мешаш, малабебавеликигурман има и со јаболче, со тиквица. Ми пиша мене педијатарот сооднос ама ќе видам после ако не ти вратат до тогаш. Него по 2 дена воведуваш вкус на трет ден нов даваш или како?
да, педијатарот ми рече нема потреба да давам три дена еден вкус , туку дури и еден ден само сабајле ми рече даваш околу 10 тина лажици колку изеде толку, гледаш дали има реакција, попладне даваш пак 50-60 грама ако сака и ми рече еден ден давај зеленчук, еден овошје, ама ја од страв и давам по два дена еден вкус, првиот ден давам помалце, вториот колку сака... нормално овошјето си го јаде и бара уште, зеленчукот ми го плука
Немој од старт по два пати да даваш. И еднаш им е многу додека да се навикнат не па директно по два пати.(мое мислење) Кога давам компир,морков ставам и малце брокула,спанаќ,или нешто слично што протерува за со компирот да има некаков баланс да не се створи запек Од старт зеленчукот го правам со маслиново за да биде повкусен,сега почнав да додавам и по малце кромидче,лукче,пиперка..нешто за да даде подобар вкус. Ништо не правам со млеко. Цело време цица нека се учи на други вкусови.
ни ја не правам ништо со млеко пошо и ние цицаме, брокула и спанаќ уште немам воведено ќе пробам следно компирот со малку морков да и го дадам, колку ставаш маслиново? сакам и кромид да воведам деновиве и тоа не знам колку ...иначе ја си го поделив во два дена давањето пошо ми се гледаше многу во еден ден, иначе педијатарот ми рече може во еден ден еден вкус два пати, друг ден друг вкус, како и да е до сега ништо неам воведувано три дена
Јас давам по три дена се. Е сега со веќе воведена давам нова така да секој ден јаде разновидно. Искрено ништо не мерам се од око,капнувам од шишето од прилика лажица,две. Кромид ставам,кога четвртина кога пола зависи од големината, лукче едно чешне, четврт пиперка... Кај мене па јаде зеленчук повеќе од овошје. Секако пробав и со кокосово масло пак исто. Сега сакам со малце какао да пробам. Ќе се уходаш, ќе откриеш што највеќе јаде па ќе правиш најмногу комбинации со тој продукт. Бар ја така правам. Мајки од кога воведовте какао? Дала ли некоја пред 7месеци?
Реално подобро е без млеко да се прават. Да се навикнува на различни вкусови, како што напомена членката, а и заради подобра ресорпција на железото од одредени намирници.
Пробавме: овошје: банана, круша, јаболко, слива, авокадо зеленчук: морков, компир, блитва, тиква, тиквичка, брокула. Жита: ориз и пченка на хип. За 2 дена 6м. Што може др да воведам. Просо, гриз од спелта, спанаќ, киноа, овес, праска, кајсија..??? Што од ова можам? Педијатарот ни рече месо и жолчка од 8м. А и да внимаваме на алергените, да ги воведувам покасно од предвиденото, бидејќи малово ми е многу бело и непишано правило било дека тие деца повеќе биле повеќе склони на алергии иако немало правило. А и сакам да поработам на хемоглобинот, 10.6 ни е. Дајте некој предлог за од полни 6м.
Нас праска и кајсија меѓу првите воведувања ни беа, и сега плус и гризот на хип му го давам (прочитав дека е оризов без глутен) Исто знам за хемоглобинот е добра кајсијата..
За соодносот 2/3 овошје 1/3 житарки со млеко (ваљда може и со вода) , за оброк од 150 гр, 100 гр овошје, 50гр жиатрки. Ако за ваков сооднос прашуваше. Морковот исто мислам прави запек, смешај тиквица и компир ако имаш воведено.
тоа прашував, фала ти многу имам воведено тиквица, ич не ми ја сака , ама па компирот го сакаше, ќе пробам така