Внимавајте со киви.Денес прв пат дадов на 15 месеци абе жар црвена стана и грлото ја печеше.Се скапа плакајки Среќа брзо помина и се смири
Леле душичка А уште си тераш да даваш по малку кога е прв пат, така? Мојов е 9 м. и уште, ако нешто давам прв пат, давам ептен малку, едно лажиче, па после наголемувам. Се мислев дали стално треба така, или ако се поголеми може и повеќе за прв пат. Уште ова, мами јапонско јаболко од колку беше?
Денес сакам прв пат ориз да му дадам. Дали може во варењето да ставам малку јаболко? Зошто знам дека така чист нема да го јаде.
И јас мислев чист нема да го јаде ама јадеше. Пробај прво чист ама за да го јаде ако имаш обичен испасирај го низ цедалка
Конечно јадеше без да кенка да стане. Ориз со јаболко сварив. Го испасирав и повеќе од водата ставив и не правеше проблем. Го испасирав така, не преку цедалка, не ми текна.
znaci да намалам малку... уште немаме 7 м, да не ги форсирам, денес само овошје дадов утре ке давам зеленчук... сварив јаболче со круша и една слива, излегоа околу 400 грама, изедоа по 200 по една тегличка од големите кашички, само не беше многу густа, а планирав после спиенје да им дадам и брокула со ориз, ама тоа утре ке е.. утре овошје нема, 2 оброк после 7 месец треба, така? (едното девојче денес ми се искака 3 пати, другото ниеднаш), давав повеке за да не цицааттолку, да намалам еден подој, ама не ми успеа, ем изедоа по 200 гр овошје, ем после 15 мин пак цицаа пред спиење
Денес дадов готова кашичка со јаболко и морков. Изеде околу 60 гр. т.е 1/3 од кашичката 190 гр пакување. Не беше воодушевен од вкусот па му додадов и мало парче тиква. Така ја бендиса и излезе некаде 100 гр дека изел. Прашањето ми е дали може да се меша морков и тиква? Да не ми пожолти? Инаку вчера сме изеле 190 гр. домашна кашичка од јаболко и круша ама на два пати. Таа ептен ја сака
Денес банана прв пат. Супер ја прифати. Само ја изблендирав и му ја дадов. Супер си јадеше. Кажете ми вие како ја давате бананата. Само пасирана? Следниве денови сакам авокадо да му дадам. Со што го комбинирате, мислам дека не може тоа чисто да се даде.
avokadoto e super so banana no moze sa se kombinira so se sto sakas bez razlika blago ili soleno bidejki ima neutralen vkus.
Бананата ја ставам во нутрибулетот. А авокадото не е баш убаво чисто, син ми до сега за ништо не ми прави проблем освен досега за авокадото,од чисто му идеше нагони за повраќање. Можеш да го мешаш или со банана или со јаболко.
Mami kakov oriz so banana i davas na Sara? Jas imam takov hipp bebeski oriz, so mleko ili voda sto se pravi, ti kakov zemas? Baknezi do vas
Мислам ништо страшно...јас давам или „Златна долина“ или чат пат од едни луѓе на пазар. П.С.Почнав со тој мелениот а уствари ориз најобичен некако поарно ми се виде....башка тој мелениот чуден вкусот некако.
И јас денес дадов ориз за прв пат. Пред некој ден бев во био одделот на еден супермаркет и ги разгледував видовите на ориз. На секоја опаковка пишуваше дека може да има остатоци од соја, глутен... Минат на иста лента, па мора да стои на опаковката. Не зедов никаков и денес дадов од оризот кој го користам за нас. Го измешав во јаболкце и крушка и потоа го изблендирав. Си го изеде без проблем. Вчера дадов тикве ама како да и се нафрла со брунчиња лицето потоа. Може беше случајност, може не, но ќе почекам малку пред нареден пат да и дадам. Малку беше, ама не сакам да форсирам. До сега сме вовеле јаболко, круша, слива, банана, обичен и сладок компир, морков, пашканат, тиква и сега ориз. Се си јаде и е супер прифатено. Иако мешани вкусови, односно кашичка со 2-3 вкусови повеќе преферира, одколку чисто еден. Утре повторно ќе дадам ориз, само во обратен сооднос со јаболкото и крушата од оној денес, односно дупло од денес, и потоа сакам авокадо и палента. Потоа не чекаат киноата, просото и амаранта и кајсија/праска доколку најдам низ супермаркетиве.
Истите работи ги имаме и ние пробано само плус тиквица. Најмногу сакаше ориз со јаболко. Мислам дека освен оризот сите други житарки што ги наброја се од 6 полни. Нека кажат поискусните. Каже те ми дали може праска да дадам, имам убави замрзнати?