Јас најчесто правам комбинација, киноа, батат, цвекло, брокула. Можеш да го комбинираш со ориз, со палента, со јаболко, со морков.
Здраво мами, Ние сме 4++ и пробуваме вкусови, но јас колку и да му дадам тој си јаде и бара повеќе ја шмука лажицата, а млеко пиеме послабо. Сега се мислам дали да воведам еден оброк наместо млеко и така да пробуваме вкусови или сеуште е рано. Инаку сме на млеко ХИПП и плус се молзам. Само да дополнам како за пример ова утро изеде една поголема праска, пола зелено јаболко и пола круша и отвараше уста за уште.
Мама ова е многу. Јас до 7 месеци му давав пола круша со малку житарки. Инаку не би давала зелено јаболко на бебе.
Многу се извинувам знам дека сум здодевна веќе, но секаде има различни информации и веќе не знам. Јас одлучив да правиме пауза од 4-5 денови бидејќи сега и вакцина ќе прими и потоа да продолжам со вкусови во помали количини. Се збунив бидејќи педијатарката ми имаше кажано дека можам да ги мешам вкусовите и можам да давам и по 200 мл сок дневно и водена од тоа сум претерала количински. Ми падна криво за бебчо место млеко јас моркови го хранам.
Разговарај уште еднаш со педијатарот. Сокови се даваат после една година. Дотогаш млеко е основна храна, немлечните продукти се дохрана. Син ми е 12+++ и досега ниеднаш не изел количински оброк колку твоето бебе на 4м. Не дека тоа е репер колку треба да јади, ама чисто паралела сакав да ти кажам, добронамерно.
Да те разбирам. Јас читав, а и слушав совети дека колку си сака толку да си јаде и му правев. Додуша само два дена волку многу предходните по пола морков и пола круша пример. А, и после еден час си пиеше млеко нормално. Ви благодарам за советите добредојдени се.
Мајки сакам да пробаме јагоди ама скептик сум, да не направам беља... Скоро 10 месеци сме Како давате и и дали оставате претходно отстоени во вода со сода? И љубеница како давате?