Ако се домашни јагоди не ги ставам во сода, купечките да. Прво ги давав пасирани, сега на парчиња или цели зависи колкави се.
Planiram denes da mu vovedam zolcka na sinko ,9+ sme, pa da mi kazete kolku da dadam ,i 3 dena li da davam za da vudam dali ke ima reakcija?
Жолчка обично се воведува по шема и тоа трае 2-3 недели. Првиот ден 1/8, па пауза 2 дена, па 1/4 па пауза 2 дена, 1/2 пауза 2 дена и цела. По оваа шема давав јас, некои ги даваат по 2 пати количините.
Леле јас мислам цел месец жолчка воведував 1/8 па 3 дена пауза, пак 1/8 па 3 дена пауза, па 1/4 па 3 дена пауза....се така до цела жолчка. Доброто е што педијатарот ми одобри во тие 3 дена пауза да воведувам ново, само да е нешто полесно, не алергени.
Да знам дека е таква шемата, но јас го забрзав процесот. Немаме историја на алергии и бев малку поопуштена со алергените. Во деновите за пауза исто давав нови намирници што не се алергени. Сега и со второто ќе почнеме со воведување вкусови, па планирам да давам по истата шема.
Немаме ни ние историја со алергии, ама не знам зошто за јајце бев ептен исплашена. Белка уште не сум дала, а 9++ е, тргна и во градинка. Таму нека му воведат, по безболно е, да не се потресувам јас
Мама како ја даде белката, со која храна? Мојата јаде само блендирано. Ја намачкав на подлактица и зглобот ок е. Да ја рендам па со нешто да ја помешам? Колку се дава за прв пат и дали 3 дена?
Пробај рендана или блендирана белка или блендирани тестенини/тарана со јајца. Јас прв пат дадов со мафин/палачинка ама моето јадеше пасирано и парчиња.
Со кисело млекце можеш да комбинираш. Јас го пасирам. За другото не знам, ја случајно му ставив цело јајце, не сум давала по малку.
Здраво, сакам да воведам интегрална каша од ориз на Holle, но бидејќи сме на еден оброк, а три дена треба да ја давам, со што може да се комбинира?
И за плашење е богами. Жолчка јаде месец дена веќе. Денес ја намачкав со белка, партал рачето, и се исфрли цело со црвени точки. Среќа не и дадов да јаде. Никој од фамилија не е алергичен инаку. Сепак ќе ја одложам дур година да направи.
Од Тинекс. Кај нас во Тинекс во вторник им носат месо, супер свежо е. Ме знаат веќе, ми чуваат по 300гр секој вторник