Таквиот тип на кашички наменети се за бебе само да си ја држи кашичката и да шмука. Помало бебе ако ја држи само можи да се повреди. Од тој аспект, не дека се нешто небезбедни.
Сите посебно. Крај немаат Од алергени имам воведено: Млечни, јајце, кикиритки, сусам, бадем, лешник, јагоди, киви, цитрусни, сенф.. Освен другите јатки шо имам друго за пробување?
Палентата на Холи како ја спремате со вода или со млеко Исто гледам има каши на Холи од просо како ги спремате и со што ги комбинирате За бебе 5+ од прилика какви комвинации давате?
Од риба имам дадено пастрмка (бела и црвена), лосос, крап и сардина. Ослич, туна и морски плодови немам дадено, оти и ние многу ретко јадеме. По блв само алергените се внесуваат по 3 дена и тоа минимум количински колку 5-6 лажички и меѓу воведување на два алергени да има пауза од неколку дена. Другите намирници без посебен ред и шема ги давав.. И пченица и пченично брашно имам дадено исто.
Краставица како комбинирате? Се заборавивме малце денес дека не ни е воведена, бебе се налапа таратур, несакајќи ја воведовме Сакам да и ја давам сега. Освен со кис млеко, со што ја комбинирате најчесто?
Јас кашата од просо и ја комбинирам буквално со секоја овошна каша. Ептен го бендисува посебно во комбинација со круша или праска
И мене ова ме интересира. Јас му ја комбинирам со павлака, ситно исечкана (налик таратор). А вака на поголеми парчиња (како за во салата, на четвртинки кругчиња) имам пробано да му давам, не може да ги јаде, само ги џвака како мастика и на крај плука.
Се извинувам вака што упаѓам ама како мислиш се? Било што што јадат возрасните ли? Немој да мислиш дека те осудувам само ме интересира.