Да, истото шо јадиме и ние, адаптирано за него. Освен алергените, другите намирници не ги воведував по 3 дена и ги мешав од старт. Се трудев сите алергени да ги внесам до 8месеци, ама имаше реакција на млечни производи од одредени производители и додека да сме начисто од шо е и како реагира, изгубивме време, па до подолго ги воведував алергените. Не сум ни сигурна дека сите му ги имам дадено, ама воглавно да. Со тоа што никогаш не мерев грамажа, а и никогаш нема изедено оброк од 200г (13 месеци е). Се трудев/трудам да му давам разновидна храна и во секој оброк да има доволно хранливи материи, макар шо и не е некој јадач.
Вториот оброк се воведува месец ипол до два после првиот. Најчесто прво се воведува појадок за да можеш новите намирници кои ги воведуваш да ги дадеш наутро и да имаш време да следиш дали ќе дадат реакција кај бебето.
Како ги раните 6 месечниве бебиња, овој мојов во скут никако не сака, уста не отвора за жива глава. Веќе 14 дена давам, никако да отвори сам уста или да искаже дека нешто му се допаѓа. Онака рамнодушен, давам, голта, ретко плука, ама у полулежеча положба давам, да го ставам во столче?
Јас на почетокот го ставив во хранилка ама сега веќе последните 3 4 месеци цело време се храниме на подлога , сака да си игра додека јаде , морам со нешто да го занимавам Стави го во хранилка ако имаш и пробајте да видиш
Не е безбедно во полулежечка положба да му даваш да јаде. Ако имаш хранилка стави го во неа или ако е во скут хранењето има посебна положба така што правиш како седло со нозете, газето на бебето да пропадне во него така што телото да му дојде исправено. Јас од старт ги ставам во хранилка.
јас прво ја ранев во транспортерот, сега земавме хранилка и почнавме таму, ако имаш хранилка најубаво е така
Мами ај неколку прашања. 1. Урми од кога се воведуваат? 2. Некоја членка имаше постирано сируп од урми. Во што се го користи? И од кога почна? 3. Суви сливи и суви кајсии од каде зимате без конзерванс и шеќери? Се утепав барајќи неможам да најдам
Сирупот од урми за во мафини или палачинки, евентуално малку во каша, блажина дава. Суви сливи и кајсии без конзерванси од Веро. По цената ќе ги познаеш поскапи се од другите
Да, повеќе ми беше за сливи. А за кајсии не ми се брза, ќе ги чекаме нашите во двор, брзо ќе бидат за ручкање
Гравче за прв пат како воведовте? Да и направам манџичка или да не и е тешко мн на стомачето се мислам? Или пак неколку зрна да и направам за прв пат со нешто друго комбинирано?
Денес јадеше палента со кисело млеко, вчера бисквити на хип со молзено млеко Најчесто му давам житарки со млечно, ама сум му правела и овошни каши и зеленчукови, битно да е нешто полесно
Ама моево не јаде каши... За жива глава не ги сака. Житарки па ич. Ќе проба 2 лажички и веќе не отвара уста и ајде во канта. Затоа барам идеи. Сака да грицка, а не знам веќе што да му понудам да грицка пред спиење.