Давај му било што овошје, зеленчук. Свари парченца и нека грицка, јаболче, круша, банана, брокула, карфиол, морков, тиквичка.. Јас па имам проблем што ич не сака да гризне, а оди во градинка. Одвај го научив некако на пасирано, ама малце поголемо парче одма плука и фрла
И ние сме исти. Строго блендирано, ама со лажење за да голтне механички . Сега во комбинација со скок и заби се плука и ништо не јаде. Како поминавте од блендирано на пасирано? И во градинка како се хранат? Колку м. сте?
Почнав со помеки оброци да му пасирам, како јаболка, банана, тиквичка, да не се приметува многу. Па полека се друго, ама уште знае да плукне ако е пасирано. 9++ е, во градинка јадат исто што и поголемите деца, само пасирано. Манџи, тестенини, мусака..
Таму јаде ли? Мислам си крка ама блендирано или не е љубител на храна? Ние сме две во едно . Јас не можам повеќе се изнамачив со јадењево. Бабиве како ќе се снаоѓаат незнам.
И со тиквица ваљда може. Само не знам тој дали беше алерген да не е рано. Ова доле морков, лук, пилешко е со што може да се комбинира, ама нема ставено со што не може. Ептен да не е со јаболко ваљда инаку може со се.
Грав и зелка до годинка не. Мојата е 13 месеци сеуште немам дадено. Леб не и давам и јас се мислам како да и дадам грав...
Јас грав како зеленчук дадов на 13 месеци, направив зеленчукова база и еден ден ставив 5-7 зрна, другиот 15 тина и така..немаше тегоби освен што прдеше ама моето прди од се мешункасто..и од леќа и од грашок...а грав како за нас правен немам дадено
Оризот на Holle како го правите. Многу голема количина пишува на паковањето, 120 мл млеко, не може пример помалку со вода и овошје?
не знае човек по што да се води, а сеа по ново и алергените порано се даваат, вчера баш зборам со другарка веќе му вовела жолчка, а колку мојата е 6 месеци