Ја го оставам на собна температура или во плиткото од фрижидерот, за брзо се одмрзнува. Али гледам @Emy867 што пишала, не знаев за ова.
Јас ги пробав, маф ги направивме во 3 минути, па правев уште една тура. Следен пат пробајте со плус лажица путер од јаткасти (било каков) ако имате воведено. Фантазија.
Преку цел ден пошто не пие ич, сеа уз јадење нафинти ја фаќам и кога знам дека е гладна, инаку на 6 м доволно е до 50 мл само што мојата не пиеше толку ама цица и мн мн не се потресов
Моето нејќе со очи да види вода цело време ја плука кога и да му дадев, после оброк, дома, додека се шетаме надвор... Чисто како инфо му се пожалив на Паскалов и ми одговори ако нејќе не го форсирај, па еве јас пак нудам цел ден ако сака арно, ако не, тоа е, ќе му понудам пак за саат време Инаку со нудење цел ден одвај испива 40мл вода 6+++ сме
Моето кога и да му дадам вода , пие без проблем . Мене па страв ми е да не претерам . По 3 пати дневно му давам, без проблем си ги испива 30мл наеднаш. Значи околу 90мл дневно му доаѓа. Многу да не е ? Да намалам ? 5+++ сме
Од кога може да се дава: 1.боранија 2.гриз од спелта(гледам на овој што го имам дома пишува дека содржи глутен) 3.цимет 4.целер 5.лук 6.праз 7.магданос 8.цимет Инаку сме 6++, имаме еден оброк. Малку се бунам кога гледам на нашиве табели и на мала бебе велики гурман. Одредени ствари таму се даваат покасно. Глутен кога воведовте и со што? И за млечни (знам дека ни е рано) ме интересира
Ај пак да прашам, откако ги воведовте сите овошја, дали зеленчук дававте за прв пат насабајле или на ручек? Јас до сега давав овошје насабајле и треба да почнам со зеленчук и житарици ама незнам кога, дали овошјето останува сабајле а зеленчук да давам за ручек за проба?
Од набројаното само боранија му имам дадено, некаде после 8 месеци, другото ништо освен еднаш целер во супа. Со лукот мислам дека каснам, али планирам денес или утре да му дадам. Глутен воведов со пченичен гриз. А за млеко т.е. кисело, јогурт, урда, павлака, од 7 месеци.
Ја мислам дека е многу, моето сега на 9++ пие толку. Кога почнавме со цврста храна пиеше едвај по 20-30 мл во денот, али претпоставувам дека 50-60 е доволно, според тоа што имам читано.
Јас воведов минатата недела. На 6++ . Баш бевме на контрола кај матичната и ми рече чим ти и тато немате историја на алергии на глутен што побрзо воведи. И така без некоја драма почнав еден ден до овесната каша на холе, па гриз па кашата од пченица спелта.
Јас го замрзнувам во теглички со водата во кое се вари месото и го варам заедно со лук и кромид,по потреба вадам тегличка чекам малку да се распушти за да може да се истури и готвам со зеленчук, компир, ориз...
вака некако околу 30мл низ цела ден е сосем доволно , па пастепено ќе наголемуваш. Не е убаво многу вода заради бубрезите нивни , и на старт е доволно околу 30 па 50мл следно ќе наголемиш.
Лето е, ако се склетчија и се поти во главчето може и да му е во ред таа количина на вода. По бебе гледај си, мојов не јаде ич ама за вода душа си дава и не го ограничувам, штета на таа возраст нема од некој милилитар плус вода