Во однос на водата откако ќе го отворите шишето со оглед на тоа дека не може да го испие цело за 24 часа, дали потоа ја превривате? На јана не пишува, на беблан има таква информација. За други води не знам, немам давано.
Кога сме кај водава. Јана е иста цена бебешката со обичната или не? Пошто ист состав имаа мислам. Таа со мечето и без мечето, ако не е некоја трета.
Не е иста цената. Таа со мечето е 30 ден литарско шише ( нема поголемо ). Онаа другата Јана е 25 ден 1,5 л
Па тоа мечето одштампано ли им ја крева цената. Ај баш пак ќе проверам, ама мислам иста беше и ја земав обичната.
Здраво какви бисквити им давате на вашите бебиња? Зедов на Lo Bello ама некако доста благо ми делува...
Помагајте што да изменам за да поминеме цел ден со менито 07:00 млеко 200мл 10:00 појадок 13:00 ручек 16:00 вечера Вака некако му се оброците, а си легнува во 21:00 со млеко и од вечерата до успивањето многу простор има, гладно е треба 2 пати да вечера Некогаш се дешава да поспие убаво преку ден и таман иде временски, сма многу ретко. Еве денеска сум на мака, во 06 стана и одма млеко, 9:30 појадок, 13:00 ручек и сега иде време за вечера Порано измеѓу појадокот и ручекот му давав уште едно млеко, ама се успиваше и го скокаше ручеток тогаш директ на вечера одевме.
Цвекло комбинирај со се освен со млечни производи, отежнуваат апсорпција на железото. Цвекло, палента, тиквица, маслиново Цвекло, јаболко, морков Цвекло со мевце Цвекло, батат, маслиново
Или вметни ужина измеѓу ручек и вечера или вечерата давај ја покасно. 16ч е многу рано, ако ручекот е во 13ч, вечера можеш во 18-19ч