Потајно сите даваат, шо смоки, шо сокчиња. Овие денови кога не јадеше ништо од температурата, само по некоја смока апнуваше, тоа му беше и доручек и ручек и вечера.
Јас се што давам си кажувам, од смоките на лино што пола ги гмечи др пола нешто у уста нешто на земја ништо нема да и биде. Морам да завршам понекад нешто а фала Богу упте не е легната од 9 до сега 15 мин дремна епа јбг. Сокче стварно уште не сум дала и немам во план за сега.
Majki na Kolku meseci zapocnavte so hrana, i so sto, ? Bebusi uste 2 nedeli pravi 5 meseci, pedijatarot mi kaza da pocnam na 6 meseci, no se mislam da pocnam na 5 posto, ona koga gleda deka nekoj jade vo blizna odma so usteto otvara usta i pravi kako da gotovo ce zajadee nesto ,i jas koga jadam nesto taa odma so usteto ...
Аааа не јас не сум дала ни смоки ни сок, ама затоа....све си штрбнува од наше јадење, салата со оцет ксна, сабајле ми пушта слика татко и му гризе од тостот што си го направил....уствари ја се пријавив кај мамичкиве во другава тема со се каживам и тука
Изгледа само јас дома не му давам ништо што "не смее". Ама затоа оди во градинка и јаде грав на пример
И на маливе гравче им даваат? Јас прашував тука ни рекоа до година не. Ама па ако даваат, да и дадам да си ксне дете уште од дома. До душа кога си враќам филм сега имаше во менито изгледа гравче со зелка салата
Во менито има, ама дали им даваат на маливе не сум прашала. Страв ми е ако ми кажат што се им даваат, мислам срце ќе ме стегне
Даваат. Едно мени е за деца до 2 години, а друго за деца над 2. Разликата е претежно во појадокот кој за помалите повеќе е чоколино, млеко со бисквити, гриз, а за поголемите јајце, проја, кифла, мармалад такви работи. Ручекот е скоро ист и има грав, леќа, грашак, ориз со пилешко... Исто така и чај со мед. Ова за деца под 2 години. Мениата се менуваат сезонски и секогаш се истакнати, обично на влезот од градинката, така да можи кој сака да ги види таму каде што ќе се запишува детето.
Дали некој го погледна видеово? Какво е вашето мислење? Конкретно ме интересира за воведувањето на намирници порано од предвиденото во нашите табели. И за овошното пире од нетермички обработено овошје.
Вчера го изгледав јас и делумно се согласувам. Овде кај мене немаше никакви табели и фактички се е дозволено од 6 месеци, мене ме беше страв читајќи ги овде правилата на форумов и се придржавав првите месеци, а во меѓувреме дадов јагода, јаткасти плодови, киви, мандарина.. сега давам се и не гледам кое кога е дозволено оти бебе има 9м. Секако ќе тргне во градинка и таму немаат табели туку сите исто јадат (од 0 до 4 години) и дома за џабе се стресирав
Мене ме охрабри видеово да си почнам блв каде што во суштина од 6 месеци може се да се дава и оние кои не се чести алергени да се воведуваат 1 ден. Мислам дека кај нас се овие табели затоа што сите почнуваат пред 6 месеци со вкусови. Мене ми нема резон, а и он вика 3 дена еден вкус, 300 вкуса, до 3 години ќе воведуваме вкусови... За овошјето исто мислам дека термички после 6м не мора да се обработува, зеленчукот да затоа што нутритивните вредности му се подобри, ама овошје зошто да не свежо. Есега може треба органско да е нели, тоа не навлегувам пошто сите скаме органско, а реално нема каде да се купи освен ако не знаеш некој и да ти даде. По нови студии и во темава пишуваше алергени подобро е да се дадат порано. Се надевам ќе се престрашам и ќе дадам, па еден куп убави јадења има, а и полесно е сите заедно ќе си ручам место да спремаме 3 оброци различно. И му реков на маж ми, ако педијатарот нешто ми промрчи закажувам кај Сајко .
Се сложувам. И мене ме охрабри околу одредени намирници, ама за blw ми треба уште време некако не сум психички спремна. Со оглед на тоа дека првиот месец многу мо се засркнуваше од млеко и психички западнав
Јас првиот месец се водев по табели, зошто 5м имаше ама сега веќе е 8 и не му ја мислам многу. Не воведувам по 3 дена, не давам ново пред 12, не се држам до правилото за одлагање на алергени. Читав едно огромно истражување, еве го линкот ама само summary е доволно ако не ви се чита се. Што порано се дадат, тоа подобро. Пример цело јајце наеднаш дадов, месо не воведував 3 дена, риба исто, и тн. Пазам на нутритивноста, на правилно комбинирање намирници и на разновидност. Ако овошјето/зеленчукот е со непознато потекло (ака не домашни, туку од тинекс најчесто зимам) тогаш го варам на пареа.
Докторот убаво ја посочи страната каде што тим од педијатри во Европа после научни истражувања донеле заклучок дека дигестивниот систем на бебињата после 6ти месец е зрел за да проба сѐ. Тоа што некои од нашите педијатри не пратат и се уште со мислењата од пред 30 години е сосема друга работа. Јас почнав со немлечна дохрана на 6++. Прв оброк беше цело јајце (прочитајте, има истражувања што велат силните алергени е најдобро да се воведат меѓу 6 и 8 месеци). Послабите алергени ги мешав од старт и не ги воведував по 3 дена. Еве сега синко има 13м, ги јаде речиси сите алергени (уште некои јатки немам воведено како индиски ореви, фстаци оти не можам да најдам путер од нив), а нема пробано сезонски овошја (лубеница, диња) бидејќи не ја фативме сезоната кога почнавме со дохрана. И зарем сериозно некој термички обработува овошје? Освен круша, јаболко? На пр варите диња?
Точно е тоа во град И јас не воведувам 3 дена. А за овошјето ме интересира дали е правилно да го дадам необработено, бидејќи имаме наше, нетретирано.