Многу сум читала затоа и сакав слушнам мислења. Некако ме охрабри. Нема логика да се обработуваат одредени овошки, според мене. Конкретно прашав, јаболко, круша, слива, кајсија.... инаку сме 6++
Јас ги правам на пареа сега оти синко од слива, јаболко, кајсија, праска свежа иако органска се исфрлуваше црвенила по лицето, додека од сварено не. Па не сум паметна што совет да даваам на другите, секое бебе си е приказна за себе.. Инаку за страната на ЕФСА што ја спомна Сајковски: се сложувам да ги следиме препораките од таму оти не може некој си педијатар да ти ги дели истите совети што ги учел пред 10,20,30 години да биде попаметен од тие 44 педијатри што секојдневно истражуваат и учат.
Мајки, лебче од кога и како давате за прв пат.....мојава ништо не јаде и не знае да џвака па си викам може ќе упали со леб да почне за џвака. Јаткасти кога почнавте и како?
Леб од 6 месеци без корка, од 7 со корка. Тостиран за да не се дави прво полубел, понатаму останатите.. моето си јаде по едно парче на ден тостирано со намаз. Јаткасти плодови дадов околу 7от месец, поточно со путер од кикирики започнав. Овие колачиња ги направив и си ги изедовме сите https://www.instagram.com/p/CcNgN7uMWZR/?igshid=YmMyMTA2M2Y=
Може. И со екстра боровинки за уште поздрава варијанта. Спојлер стави на едно ќоше чоколадни снегулки, кај твојот дел
Јас и дадов свежи праски, премеки беа ми немаше логика да ги варам, планирам да дадам и кајсии свежи ... иначе нашите две се тука негде, дали седи стабилно твојата? јас сакам мн блв ама мојата уште не седи и не би пробала сеа за сеа што се однесува до видеово го изгледав и не мислам дека кажа нешто конкретно, иначе дефинитивно нашиве педијатри се заостанати, ама никако не си ни да дадаш ни да не дадеш, си викам ќе и дадам нешто што ми рекла да не и давам ќе ми јави нешто и ќе биде кој ти рече да и дадеш јас си се тешам дека ќе тргне на 8 месеци во градинка и таму се ќе и дадат и ич не се замарам шо може да и биде од гравче иначе за воведување, ја отпочеток и воведувам по еден ден, мојот педијатар буквално со истиве зборови ми рече знањш ли ти колку намирници се, ако ги даваш сите по три дена цела година ќе воведуваш, ја ептен кога почнавме давав по два дена, сеа секој ден нешто ново давам
Јас дадов јогурт и сеа во една група на фб читам јогурт од 8-9 месеци. Добео мозокот со јадењево само мене ми е каша или и на некој друг? Еден збори ова еден збори она... Не знам на која страна више
Се клацка ама седи, во столче седи, на под не ја оставам смостојно позади неа сум пошто знае да се џитне наназад. Ќе се стабилизира, за 1 недела многу промена има брзо се гледа, ама седнувај ја нека седи и со играчки напред. Вчера и лепев селотејпчиња на ѕид да ги одлепува, баш беше интересна и убаво си седеше се балансираше, некои такви заимации можеш. За блв ако не сега за 1 недела ќе седи ќе можеш. А каде одите на педијатар уствари ми текнува дека рече 1 намирница дневно и се чудев сега таков ќе си барам
Не си единствена ама јас реално правам и некои работи шо " не смеам " Ко и воведував тиквица, по навика и сол и ставив ко за нас пример Воведувањето ми е се по еден ден, освен на почеток коа не јадеше скоро па ич и беше 4++, воведував по 2 дена. Месо не воведов со паузи како шо имам читано, и дадов прво помалце, после наредниот пат и ставив повеќе. Само телешко сум дала до сеа, со мисиркино планирам истото. Млечни исто сеа планирам до 7ми месец да поминам
во столче седи, ама не и го местам под 90, мада и ставам играчки и она се исправа ама ми се клати цела не ми е стабилна... баш ќе кажеш како ви оди блв, иначе кај Радица Маџовска во Ѓорче ја носам
Јогурт и други млечни на 7, месо исто некој спомна, за месото др ми рече може од 6 мес да давам телешко (само не се сеќавам кога точно сум дала за првпат).
Зошто по табела гравчето е 10+ или 11+ Нек јаде таму, ако јадат сите, што е моето посебно. Не е единствен што оди во градинка толку рано Ама битно дома давам само по правила
Не знам целата сум во збунка видеоно го изглеав после читав па прочитав све и свашта и сум малце побрлавена сеа не знам што може што не може и тоа е што сум дала сум дала