Што мислите за домашни јајца, месо, млеко да се направи урда/сирење или јогурт/кисело млеко? Зборам за домашни од село, каде што нема проверка на квалитет и сл, а не од домашна фарма. Ама домаќините си ги користат или продаваат. Месото и јајцата секако се готват на висока температура ама не знам дали е тоа доволно. Млекото ваљда и тоа се вари?
Ние сме израснале со домашно месо, јајца и млечни производи. Никогаш не сме добиле ниту затровање ниту сме имале било каков проблем. Кога имам прилика му давам домашни јајца (од на баба ми кокошките), друго до сега не сум му давала домашно, али тоа оти немам близок, човек од доверба за да земаме од него млеко.
Мајки беба е 4++ и од педијатар добивме зелено светло за воведување на цврста храна. Искрено мене не ми се брза, ама сепак сакам да почнам да се едуцирам па некаде од 5 месеци да почнеме. Од педијатарот исто добив совет да почнам со тиква, морков, пашканат, компир, јаболко по неколку лажички дневно. Многу малку знам на темава па би ве замолила да ми препорачате апликација, книга или друго што би ми помогнало. И дали мора се да биде обарено па дури и овошјето?
Јас само домашни јајца давам. Пилешко месо исто. Да имам проверен извор ќе земам и домашно млеко и ќе правам сама млечни производи (кисело млеко, сирење/урда) ама немам. Сѐ ова подлежи на термичка обработка и доколку правилно се ракува со храната нема простор за грижа. Бруцелоза се добива од непастеризирано млеко и млечни производи, нема несварено млеко да киселиш сигурно.
Работам во фирма во која колеги имаат контакт со млекари, почнувајќи од Битолска, па се до најнепозната во најзабутаното село во Македонија. Начинот на производство и контрола на квалитет е неспоредлив во однос на малите и големите млекари, а па кога станува збор за домашно производство каде што нема апсолутно никаква контрола на ништо, можам да замислам само на кои микроорганизми и бактерии се изложени тие производи. Секако некој повеќе има доверба и поубаво му е домашно, поздраво дека е, нема збор ама па јас не сакам да експериментирам кога имам избор од една страна модерна технологија, а од друга страна олд скул фарма. А во однос на киселење млеко и правење дома урда, сирење и сл нит знам како се прави, нит па ме интересира да научам. Во градика домашно сигурно нема да и даваат .
Абе давај си ти што сакаш, јас само да пишав како се добива бруцелоза. Затоа е измислено тоа варење на млеко, за да се уништат сите можни патогени. А ова високо модерна технологија не е ништо поише него индустријализација и профит, сигурно не е ставен акцент на квалитет и здравјето на потрошувачот. Антибиотици, хормони за што поише да се произведе и пласира на пазар, ама не е темата за тоа и не планирам да навлагам во дебати.
Риба дадов на 9 месеци. Нема врска морска или езерска туку прво се воведува бела па плава риба. Бела е на пр. ослич, пастрмка исл. а сина е лосос. Изгуглај кои други видови на риби спаѓаат во бели а кои во плави за да не ти ги набројувам сите.
Скроз. Имам роднини што продаваат козјо млеко, еднаш видов како козата си "мочна" во кантата дури ја молзеа
Здраво на сите. Ме интересира со што комбинирате путер? Син ми е 10 месеции ми рече матичната можам да му давам ама нз во кои комнинации да го давам.
Здраво женски, дали кашичка од купечките во која има компир ја фрлате или може да стои + 1 ден во фрижидер?
Некои комбинации на кои се сетив во моментот. Со: Палента и урда Палента и жолчка Тестенини со урда Пире од компири и зеленчук Ориз со зеленчук Евентуално ако има проблем со хемоглобин да не се дава со храна богата со железо.
јас со неколку прашања... Кога дадовте глутен и што? Кога дадовте спанаќ и дали може да дадам од оние замзнатите? Цвекло кога? сегде се различно пишува а ја сакам ова да дадам... а сакам и телешко да и дадам, педијатарот вика не пред 8... и цела сум во збунка, ако може некој совет добредојден е, бебе е 6++ и уште нешто гледам во ова бебе готвачот во овошните каши кокосово масло... може о да ставам?
-Спанаќ давам замрзнати брикети,од 7++ јас дадов ама можеш и порано.Само вари го одделно него.Цвекло исто од 7 полни можеш.Го исечкав на коцки и замрзнав. -телешко на 6 и пол дадов. Иначи мајки симнете апп We recipes .Без пари е ,на македонски јазик,а имате полно идеа за јаденје на мали и големи деца
Кајсијата како ја давате, со што ја комбинирате? Каши не давам, свежа не ја сака. Сега јаде или свежо или само сварено или мафини, палачинки. Можам ли да ја ставам во мафини?