На youtube можеш да најдеш се, буквално од како се лупи јаболко до разни манџи и каши. Има многу профили и за бебешка храна, побарај и ќе научиш сѐ
Мајки ај ве молам за комбинации со домат. Денес дадов со пиперка лукче и компир. Еве за утре немам идеа
Во било која манџичка можеш да ставиш, пример боранија, леќа, грашок, останатото по желба компир, морков, батат, лук, кромид… Пример од денес што правев за син ми - грашок, батат, пиперка, патлиџан, кромид, мм.
Како за нас што ги правам, само без сол и зачини. Иначе иде батат со грашок, ко за во каша . Синко има нагони за повраќање од обичен компир па поише батат вртам.
Абе немам појма, не сум по манџите. Не ми се смеј. Мајка ми прави леќа со "запршка" од компир, може така да пробам за него? Додуша до сега воопшто нема јадено леќа.
Јас и правам манџа со црвена леќа и телешко, да не го осеќа вкусот на леќа. Ставам и морков и кромид. Класика манџа, ја јаде дека вкус на телешко има
Да му испасираш компир за погуста да биде, може, ако мислиш на тоа. Иначе црвената леќа се вари побрзо и убаво се згуснува. Пробај леќа црвена, тиквичка, кромид, морков, лукче малце, магдонос.. мене вака ми е превкусна.
7месеци сме. Манџи и мешунки не давам сеуште. Уствари дадов грашак и боранија ама како зачини по малку во кашичка. Ќе пробам утре оривче,домат,кромид и тиквица. Фала ти
Денес направив риба не сакаше да ја смисли. Отстоена до утре ваљда нема да и е ништо а?... во фрижидер е. Со шо да ја комбинирам? Како ја давате, пасирано, парчиња?
Каква риба, како ја спремаше? Јас би ја дала со компирче, печено или варено, али до сега нема пробано риба моето.
Готова кашичка до сега и давав. А вчерњ за нас правев чорба па тргнав настрана варен ослич. Битно да јаде Моево зверче се жалев дека само блендирано јаде сега веќе ништо не сака. Се молам да јаде па макар и водата во блендер да треба и ја поминам. Уф.... дури до таму е дојдена работата.
Мама извини ќе ти се вмешам у муабет. Те читам често дека беба не ти јаде. Пак јас солидстартс ќе ги спомнам . Не знам која цена им се курсевите, ама има еден за picky eaters мислам дека, ваљда е и за помали деца. Јас би го поминала ако е дојдено до молење за јадење. Или види и статии со совети дали имаат кои тактики да ги примениш.
Мамички дали кајсиите се замрзнуваат или пак да ги ставам во тегли со водичка и да ги вакумирам ама па незнам дали така ќе стојат бидејќи ќе бидат без шеќер???