Мамички уште едно прашање Бебе е 4+++ и почнавме со вкусови и во табелата за дохрана кајсијата е 6+ Дали може да дадам порано или да чекам уште месец ипол
Мене педијатарот од Ремедика ми рече праска и кајсија од 5+ да давам. Бебе е скоро 6месеци за некој ден, праска вчера дадов малку, кајсија ќе дадам на полни 6м. Ако не ти се брза, остај ги за на крај да ги дадеш од овошјата
Не знам дали е правилно, јас дадов на 5ти месец. Не глеав табела за дохрана и давав се од зеленчук и овошје наизменично
И мојов почна со 5, сеа наполни 6, ме интересира може ли да дадам пиперка, диња, лобеница? Или да почекам. Педијатар за месо и жолчка кажа накај 7.
Ја давам јоргут и кисело млеко само на бучен козјак. Малку се покисели од битолско ама најубави ми се. А и бебуш си ги сака. Павлака каква имам таква, не наоѓа маани
Јас се дадов тоа од 6месеци. Сега сме 7+ воведов и патлиџан. Од утре со намера сум да дадам и месо. Ако најдам убав свеж ананас и тоа ќе дадам. Освен грав леќа ,цитрусни риба и јајце мислам се ни е воведено.
Мајки дајте идеа овес со што да комбинирам, а да не е млечни прозиводи? Не смеам да дадам млечни две недели поради реакција и сега немам идеја овес со што да правам?
Било кое овошје. А можеш и нешто слично на смути: банана, замрзнати малини, овес и јогурт, од сè по малце во блендер.
Јас не ставам млеко, со вода правам житарки, плус можеш било кое овошје. Банана, јаболко, круша, праска, кајсија, цреши, вишни. Путер од јатки исто нешто ако имате воведено.
Здраво мајки. Малечката само што наполни 4 месеци, во диспанзер кај што ни клаваат вакцини ми рекоа дека многу била крупна ( и височка и тешка ) и дека само млекото не и е доволно, а таа супер напредува но почна железото да и паѓа, па ми рекоа треба да почнам сега прво со вкусови а по некое време и со кашички, потоа бев и кај матичниот педијатар и истото ми го кажа, инаку сме на ексклузивно доење и сега не знам што да правам на интернет на многу места а и тука прочитав никако не требало пред 6 месеци да се почнува ако е на мајчино млеко, и скоро сите викаат ( и други педијатари ) многу било рано од 4 месеци, но никој не кажува зошто не е добро да се почни од 4 месеци и зошто не треба да се почни пред 6 месеци, дали некоја мајка знае подетално зошто, да објасни. Јас сум во голема дилема, педијатар и доктор ми кажуваат едно, други педијатари кажуваат друго, кој да се слуша ?
Тоа што е височка и крупна не е индикација за давање цврста храна порано. И мојата е голема па на 6м само на доење и беше ок крвна слика. Паѓање на железо е. Ако и е многу слабо веројатно ќе треба терапија, а не само дохрана. Пред 6 месеци не се доволно развиени бубрези, дигестивен систем и затоа се препорачува пред тоа бебњата да се само на млеко (без разлика мајчино или АД). Разграничи дали тоа навистина „паѓа“ или си стои во некоја нормална граница, ако е сериозно тогаш ќе почнеш порано, колку поблиску до 6ти месец подобро. И мојата да имала ниско железо ќе сум била загрижена и немаше да чекам 6 месеци. Ама на 4 не знам, побарај друго мислење од педиајтар. Почнувањето порано со цврста храна треба да има индикација, една од нив е ниско железо.
Да, ќе и правам оваа недела повторно крвна слика да видиме како ќе биде железото, и за тоа на едното место ми рекоа можеби ќе треба терапија на другото место дека било во границите во ред било, навистина не знам што да правам, мајка ми, свекрва ми, тетките и тие сите ме советуваат да почнам тие сите почнувале од 4 месец па супер сме биле ние децата, ете така ми викаат и педијатарот и докторката од диспанзер ( и двете се прилично млади, не се стара школа ), а од друга страна ете новите правила се после 6ти да се почне и што имам слушано и читано и педијатри така препорачуваат, и многу сум збунета си велам ако не ништо друго барем од 5 месец нека биде, средина, инаку млеко имам многу но почна малата сега да бара многу често, поготово навечер 5-6 пати станува во текот на ноќта да цица.
И гени се во прашање кога станува збор за железото, не си барај зошто е како е. И не слушај баби и свекрви они може и грав им давале на 4 месеци . Слушај се себе и доктор. Доктор ако постои ризик нема да ти рече прави како сакаш туку ќе пресече. И мене ме советуваа од 5 - 5ипол да почнам, им кажав дека ќе почнам од 6 не гелдам причина за порано и рекоа ок. А и таа количина што ја даваат на 4ипол или 5 месеци не е нешто кујзнае колку, оброк секако кај 6 месеци ќе се воведе.
Син ми имаше понизок хемоглобин на 4 месеци, па педијатаров му даде капки железо. Со дохрана почна од 6.