Кикирики, лешници, бадеми му дадов некаде околу 7-8 месеци преку путер, на почеток мешано во кашичка или во мафини/палачинки во самата смеса, покасно мачкани директ на банана лепче, палачинки, вафли. Ореви дадов дури сега, не знам како се убедив мелени да му дадам со варена пченица, какао и мелени бисквити, како колачиња дојде. Индиски даде мелени или има некој убав путер? Давам лепче тостирано со некаков намаз, тост, пржени со јајца, пица, тортиљи. Обожава леб мојов.
Педијатарот ми рече да му давам уште пред месец дена, ама мојов за жива глава не сака. Пробав мекото само, па ај тврдото, па трошки ситни, шанси нема Како да го натерам сам да стави храна во уста? Што и да земе во рака одма пика во уста, освен ако е нешто за јадење. Или си игра со храната, ја гмечи, или фрла по нас
А кога ќе го раскашави и не е веќе тостирано туку е водено му го тргаше ли? Ќе се испоудавевме и сега ми е страв пак да дадам.
Му ги кршам, не му прават проблем. А иначе за лебот, мојот си го јаде каков шо си е. Не му го тостирам, не го сака таков
Не се сеќавам со лепче мака да сме имале досега. Треба само да не е лепливо како тесто за да не се залепи на горно непце инаку не би требало да има проблем.
Јас давав Тонус, таков јадевме и ние. Ама некако кората е помека и внатрешноста повеќе се рони и позгоден ми беше за почеток. Проба и бел леб да јади ама Тонусот повеќе се топеше в уста . А и без адитиви е, се што е во составотможи да јади и бебе со воведрн глутен. Има путер од индиски во ДМ
Здраво мајки, бебче на крајот од јули ќе прави 4 месеци. Бевме пред неколку дена на систематски, килажата и беше 6110. А во мај, (02.05). 4880. Што значи за месец ипол околу 1200гр има покачено. Се роди 4кг, и 54цм долга. Во последно време, столицата и е зеленкаста. Некаде низ искуствата на другите жени прочитав дека можна причина е глад. Инаку, само на мајчино млеко сме. На почетокот понекогаш и давав Аптамил, ама овој месец не сака никаква цуцла да допре. Пробавме 3 различни аптамили кои немаат палмово масло, + едно на беба. Не сака и не сака. Физички е слабичка. Го немам сеуште прашано педијатарот кога да почнеме со дохрана. Дали некој од вас се има најдено во иста/ слична ситуација, и што направивте? Фала ви ❤️
и мојата качуваше толку тој период, педијатарот ми рече до 6 месеци треба да ја има дуплирано родилната, она на 5 месеци ја имаше дуплирано веќе, така да мислам дека не е страшно сигурно и вие ќе ја дуплирате до 6 месеци, околу 5 ипол почнавме со пробување вкусови
1.200 кг месец и пол е сосема доволно, испаѓа 800 гр за месец. Ако имаш млеко нема потреба да форсираш АД. Нема тука индикација за дохрана, ниту пак тоа што физички ти изгледа слабичка. За зелената столица обрни внимание само дали ја празни цела града. Пред да ја испразни едната не ја префрлувај на другата, затоа што кога е полна градата на почетокот млекото е поводлесто, а потоа е се помасно, односно похранливо.
Ти мислиш дека е гладна и слаба и и’ даваш ад или педијатар така вика? Гладно бебе не мирува. Не спие и плаче, многу плаче, ништо не може да го смири. Посебно па бебе 3-4 месеци. Ако бебе е весело, боја на столица не ти е индикатор дека е гладно.
Мама само да ти кажам дека моето бебе на 6 месеци беше 6250гр. Може се стреми кон манекенска кариера и твоето Се шалам, гладно бебе нема да биде мирно. И мојата не јаде многу ама кога е гладна нема да промашиш сигурно.
Па и мојата е толку на 5 мес и 3 нед. Мене ми е супер килажа за таа возраст, не ќе ја праќам во прво одд па да биде не знам колку. Жилава, пргава, јаде, ништо повеќе не треба.
Да се надоврзам, моето имаше столица од глад (беше 1недела), не беше зеленкаста, туку како спањак боја. Зеленкаста боја може да има и од нешто што ти си јадела или пак од додатоци за железо.
Isto taka zelenkasta stolica moze da bide od mlekoto koe brzo pominalo niz crevata. Ova mi go ima kazano pedijatar.
Карфиол со што давате ? Како се спрема ? Може од тој замрзнатиот од Стокомак ( бебе микс што е со брокула и морков)?. Само него би го користела од тие зеленчуци. Од зеленчук само компир морков тиквица и брокула имам воведено
Зелена столица не е показател за глад ако нема и други индикации за тоа. Син ми зелена столица имаше континуирано до кај 7 месеци, сите нијанси на зелена ги смена. Ако 6 и кусур кила за 4 месечно бебе се малку, колку треба да се за да бидат доволно? Шо е со дечињата шо на година имаат по 8кг?