Едното е мелен ориз, а другото е гриз од ориз. Разликата е во начинот на обработка на житарката. На Хипп има бисквити со јаболко кои се без шеќер.
I otkako ke isprobatr ovosje I zelencuk sto e sledna faza mesanje na poveke ovoski zelencuk sto se smeta za obrok I od koga se namaluva mlekoto vo ishrna
едит: оброк воведов на 6 месеци, од 5+ пробувавме само, оброк педијатарот ми рече е 120-150 гр, насабајле и давам, а веќе почнав и попладне помалце не цел оброк, 7 ќе прави сега
Мајки како воведувавте месо,секој ден или преку еден? Денес дадов само од водичката со малце месо. Со што комбинирате цвекло,вишокот како го складирате? Фала
Месо воведував преку еден ден, така и се јаде месо, 3 пати неделно по 50 гр. Јас одма месо и дадов, го рипнав чекорот со водичката. Цвекло варам цело, го лупам, сечам на кругови и посебно ги замрзнувам. Комбинирам со, ориз, компир, морков, киноа, брокула, скоро со се оди
Треба да воведам кравјо млеко, ради градинка. Како го воведовте за прв пат? Со што комбинација? Знам разредено 1:2 со вода. И дали го варите и од тетрапак млекото?
Кажете како се сптавувате кога малите не ви јадат зеленчукови каши. Само батат и морков сака. Со батат му маскирам брокула и блитва колку да внесе. Пробав и со малку кромид, лук и џабе.
Мајки за една недела сме 5 месеци сакам да почнам со дохрана прво зеленчук.. според кој календар се водевте?? Зедов листи од кај педијатар па сакам да направам некоја споредба ако има некаква разлика да испланирам
Апп бебе готвач, по неа се водам и тука читам кој кога што дадел. Давав наизменично овошје и зеленчук, два дена тоа, два тоа. Прво сакаше повеќе овошје, сеа сака повеќе зеленчук. Нема правила.
Кравјо млеко се воведува преку оброк. Можеш да свариш гриз со млеко или палачинки со млеко, пире со млеко и сл. Не мораш да го разредуваш. Мислам дека некои го разредуваат ако му го нудат на бебето за пиење, а вака во оброк не мора.