Здраво, со полни 5 месеци сакаме да почнеме со вкусови. Како што разбирам се почнува на пример 3 дена по 2-3 лајчиња јаболко, после морков исто 3 дена итн. Прашањето ми е до кога така со пробување? Од кога може мешано кашичка поголема количина да се даде? Во апликацијата е од 6 месеци како што видов. Да не ни е рано со 5 се мислам, макар што педијатарот од 4++ ни рече.
Јас кога почнав да давам цврста храна, на точно 5 мес, само 10тина дена така давав по 2 3 лажички. После тоа си имаше доручек бебе, а новите намирници ги воведував со по 3 лажички или пред доручек или во комбинација со доручекот. На 6 мес веќе иммаше 2 оброка, доручек и ручек ама многу слаба беше, мораше да јаде. Инаку вака регулар не би дала толку рано 2 оброка.
Само на цицање е до сега и во нормала е со растење, само што филм ми е дека ме загледува кога јадам и си викам време е, а слушам му кркорат цревата често дали дека е гладно или уште не се разработени не знам. Уште нешто ме мачи, колку минути се обарува јаболко на пример? И како, во тенџере со вода или морам сад на пареа да купам? Се пасира или во блендер? Значи дудук сум скроз а и време за гуглање ич немам И друго, неговите лажичка и тањирче да ги мијам најнормално ( немам машина за садови) со нашиот сјај за садови и да ги вријам плус или нема потреба? Исто и за вода, прочитав требало да давам со цврстава храна по малку, прашањето ми е каква вода? Обична флаширана плус превриена или нема потреба? Значи ич не мислев дека олку дибидус ќе бидам, а серии се изнагледав цела бременост место да се едуцирам нешто корисно Ако има некоја време да ми одговори ќе бидам благодарна
Јас купив тенџерче и метален сад за пареа за внатре во него, така се правам на пареа, зависи ќе пробуваш на сите им треба различно време, јаболкото брзо омекнува. Мијам со сјај за бебешки садови, давам од стаклена тегличка, пасирам со рачен пастор, ама 800 вати и е ептен каша прави. За пареата користам од чешма, за кашичките и за пиење бебелан вода којашто по 24ч пак треба да се проврие.
Прв пат дадов палента со праска, се засрка од неа по изедени 60г и се исповраќа, дури и низ нос, да ја паузирам палетата? Досега вака нема направено.
за јаболкото ќе видиш кога ќе омекне, ја варам во ѓезве се, пошо малце е, не во тенџере, не готвам на пареа и со рачен блендер и блендирам, нејзините лажички и тањири ги мијам со сјај на фрош од дм и посебно сунгерче, нема потреба да ги вриеш не знам за вас ама мојата става се и сешто во уста така да не и се замарам многу. вода давам обична флаширана било која имаме дома, не ја превријувам
Тоа што те гледа дур јадете не значи дека е време. Педијатарот ако ти кажал толку рано да почнете се надевам има валидна причина. Арно што си гледала серии дур си била трудна ич да не ти е криво, не се враќа таа комоција. А и тогаш да си читала ништо немало да смени пак сме дудуци дур не ни стигне нас времето. Е сега, јас купив решетки за пареа во технополис, и од металац тенџерче и третиот ден ги изгорев ми испари водата решетката имаше пластични ногарки се залепи за тенџерето и отиде у ѓубре 1500 го платив . Е од тогаш и готвам во нашите, на пареа со исто такво решетче, шпорет пуштам на тивко, боцкам да видам кога се готови 10 15 мин одприлика за јаболче и зависи колкави парчиња ќе исечеш. Или можеш директ во вода ако немаш решетка исто 15тина мин, боцни и види дали е меко. На 6 месеци пасирав со виљушка ништо не блендирав. За пиење давам бебелан ама не ја превривам после 24ч. Ако варам или готвам на пареа ставам вода од чешма од бокал со филтер, ако готвам житарки што ја упиваат водата ставам од бебеланот. Јас почнав на 6месеци, не превривав, имав бебешки сјај па тој го дотрошувам, а и немора. Шишиња цуцли со што си миела со тоа миј си садови. Ако треба да почнеш порано со дохрана (не затоа што те гледа бебе дур јадеш) се дава по малку, па постепено ќе зголемуваш.
Mami, moze li nekoja da mi objasnite okolu voveduvanjeto jajce.. Kolku vreme, na koj nacin, na sto da obrnam posebno vnimanie, smee li drugi namirnici da se voveduvaat i se sto bi vi padnalo na um. Totalno sum nezapoznata okolu ova
Јас кога почнував со цврста храна кај бебе се водев по принципот што она ќе јаде и пие цел живот. Значи не купував "органски" овошја и зеленчуци кога знаев дека цел живот ќе расте во Карпош и ќе купува од Тинекс и Веро. Не купував бебешка вода, кога знаев дека ќе пие скопска вода цел живот. И давав и уште и давам превриена од чешма. Не блендирав, и пасирав со вилушка од сам старт. Сега јаде и пасирано, и парчиња, до душа мојава јаде што и да и дадеш. Приборот и го миев или во машина или на рака со фери сјај, но со посебно сунѓерче. Ми нема поента стерилизирање прибор, кога оди по цел стан и бута се во уста. А за тоа колку време се вари, ќе си оцениш кога ќе можеш да го изгмечиш, значи готово е. Оцени си сама кога треба да почнеш. Можда не е точно ама јас мислам дека да се чека точно 6 мес со вкусови е малце касно во однос на времето кога бебе веќе треба да има цел оброк. На 7 мес мислам треба да имаат веќе 2 оброци, а на бебе му треба време да се разјаде. Да не требаше да почнеме ние на 5 ради манекенска става јас ќе почнев на 5 ипол со вкусови, за на 6 да си има веќе еден оброк бебе.
Јас прво воведов жолчка на 7 мес на следен принцип: Прва недела: понеделник 1/8, среда 1/4 жолчка, петок, сабота, недела нов вкус Втора недела: 1/4 со 1/2, исти денови, исто нови вкусови од петок до недела Трета недела: 1/2 со 1 жолчка Белка се воведува со тоа што прво ќе го намачкаш бебе на подлактица. Јас немам воведено се уште бидејќи два пати ми јавува реакција на мачкање.
Јас не и воведував посебно. Секогаш кога јадам овесни ми се тегне и она да јаде, и така си лапна и семки од тиква и ленено, и чиа и сончоглед.
Мајки колку млеко ви пијат со еден оброк, а колку со два, мојов пие просек 700мл мајчино и еден оброк од 120г, сеа кај и да е ќе почнеме и со втор и ми е страв многу да не намали на млеко. Кога прв пат дадовте телешко на колку? 6++ е
Мајки немам воведено јајце класично сакам да дадам јајце од препелица цело дали можам? Да се вари со ручекот мислев можам така или мора прво жолчка па белка? Со каши се раниме иначе не со блв.
Da se nadobrzam i jas vo kategorijata 'duduk' Majka ubavo objasneto! Nego drugo prasanje: kolku vreme se tera so vkusovi pred da se racuna deka bebe ima obrok? Isto, dali moram se po 3 dena da probuvam, nekako mi nema logika, jas planiram po 2 dena, ili greska ke sum? Po kolku lazicki im davate na pocetok? Primer ako bebe pokazuva interes za uste, davate ili prekinuvate na pocetok? Jas ne sum pocnala uste ama bitno go razjadov bebe a ono moze usta nema da otvori
Оброк се смета кога бебе јаде 120-150гр.и повеќе. На почеток се дава по неколку лажички, па зголемуваш според потребите на детето. Нормално дека ако сака да јаде, не прекинуваш, туку даваш колку сака, и обратно, ако затвара уста со сила не буташ, ќе има аверзија кон храната. Ова за колку дена да се воведува нова намирница, нема логика по три дена. Јас со првото дете, неколку намирници давав по ден- два после новите ги мешав до веќе воведените и секој ден различно. Среќно и со апетит да јадете.
Еве ти одговорила се @LaDyDoLl, јас само ќе додадам дека 3 дена правило е зашто на почеток многу малку јадат па може да не внесат доволно од намирницата за да јават реакција. Кога ќе се разјаде бебе после убаво ако реагира на нешто одма ќе се види.