Јас готвам на пареа, така се задржуваат повеќе хранливите материи. Не ти треба ништо посебно, обичен сад со дупчиња, налик на ова Го ставаш врз тенџере со вода која врие. За побрзо омекне, јас сите намирници ги рендам. Омекнуваат многу бргу. На пареа кога варам, не користам специјално тенџере, а житарките ги варам во посебно, нејзино. За житарки флаширана вода, за варење од чешма. Мијам со Фрош сјај за бебе и посебно сунѓерче. Вода пие флаширана, не превривам. Ако бебето си напредува убаво, почни со воведување вкусови на 5.5мес, нема потреба од брзање. Таман на 6 ќе има оброк. До 8 месеци детето не треба да јаде оброк поголем од 120-30гр, поточно мала тегла купечка каша. После 8мес, 180гр. И од година натаму 200гр. Јас воведувам намирници по 2 дена, многу ми се 3. Кога ќе воведеш неколку намирници, новата ја мешаш со тие и така ќе стигнете до оброк. Прво доручек, па по 2 мес ручек, па по 2 мес вечера. Почни со јаболка, зрела банана, батат, брокула, морков, крушка, тиква, тиквица, компир, авокадо, праска... Од житарици палента безглутенска, просо, киноа, амарант. И пробај пасирано директно (нормално, ќе видиш ако сака детето) Многу е полесно после да научи да џвака. По групиве што читам, мајки мака мачат децата од блендирано да ги префрлат на пасирано, а за парчиња да не правиме муабет.
Ама повратило од што се засркнало пошто и низ нос излегло или мислиш од реакција некоја да не е на храната? Ако си се извадила од памет паузирај ако не ти било многу страшно давај си пак. И нека јаде по полека кажи му.
Мајка мислам дека не е реакција туку од што се засркнало. Синко исто ми направи со гриз погуст и се наткрена нели тој рефлексот што го имаат се ми поврати. Утредента пак му дадов гриз потечен не густ го изеде без проблем. Можеби од што било погусто јадењето се наткренал бебушот, или ако не било блендирано. Ама ако ти е шубе направи пауза со палента. Педијатар исто прашај.
Колку мес е мама? Ако имаш воведено млечни, пробај палентата со кисело млеко му ја мешај. И следен пат ставај помалку палента во комбинацијата.
На почетокот кога му воведував да сега не. Јас со овошје му ја давам не можам млечни, и овошјето го блендирам палентата не ама потечна ја правам не густа.
Ние сме без компас. Не сака веќе лажичка. Сака да гмечи и да гриза И сега почнавме само овошје без житарка. До сега со житарка не качуваше килажа сега мислам дека ќе не изненади
6++е немаме млечни се уште, ќе пробам пак потечна плус блендирана, мада нејќе многу житарки изгледа...
Ја му давам јајце со павлака+лепче, кисело млеко со лепче, малку запржена пиперка и јајце, овошје и бисквити, или мафини, палачинки, проја. Житарките како каша не ми ги сака. А и поубаво му е сам да си зема со рачињата, да го валка, да го стиска, да ја испитува текстурата.
Изблендирај ја палентата убаво да нема зрнца, од тоа се засркнало бебето, со блендање се прави како каша мека
Ако не сака не форсирај. Моето палента јаде дури сега на 10м бидејќи му ја правам проја, а како каша не ја сакаше. Освен да пробаш ептен помалку количински да е на житарка, а повеќе да доминира вкус на овошје.
100% corn пишува на мојата, ваљда иста е, дека текстурата му е мазна, а за вкус секако нема врска со нашата.
Да таа е, нема врска баш, ја ставам насабајле кога немам време па ми треба брзински да направам нешто, иначе палента му варам на бебе
Ајде и таа ќе ја пробаме, јас земав од дм на био космос, ама многу крупно мелена ми се виде во однос на онаа што ние ја јадеме обичната.