Сусамот преку таан, прво со хумус, па во каши по малку таан му ставав, па ѓеврече, мафини со сусам. (на профилот на мајката Ката има највкусен сладолед на свет со таан Другите семки со житарките ги мешав или во некои рецепти кај шо може да се вметнат.
Ќерка ми јави на белка. Ја намачкав пак после месец, пак јави. И задно педијатарот ми рече ќе пробаме пак после 13 месеци, сега е 10+++.
1 месец меѓу првиот и вториот пат? Мојов не беше нешто многу сигурен дали е баш реакција или комбинација со вруќици, измешано некако беше. Ние додуша пробавме директ не мачкав. Ми рече за 2 недели може малце да и дадам пак. А како изгледаше ко пликови широки или ситни топченца?
Да прошли месец прв пат ја намачкав, и во петокот пак. Првиот пат кога ја намачкав, дека повеќе ја намачкав и се вцрвени делот од рачето кај што беше мачкана, цело раче нагоре од подлактица до рамо како со ситни топченца се направи, дури и едното окце и потече. Вториов пат ептен минимално ја намачкав, жар црвена беше на намачканото. Одма ја измив ама 24 саати и траеше црвенилото. Ова е реакција на белка, од жолчка ништо не и е, јаде 2 пати неделно.
Ти благодарам ❤️ ќе почекам до 5 ипол месеци решив. Цревата му кркорат и има гасови имам чувство како да го мачи стомачето и искрено со страв ќе почнеме, ама мора да се почне
Кај нас како широки пликови беше, околу устата и на вратот само. Не беше реакција на јајце, туку на некој адитив од млечни производи.
Девојки ве молам пишете ми што мислите што се "шкакљиво" треба да има пробано бебуш пред да тргне во градинка? Ќе тргне на 10 месеци
Како припремате грашок? Денес демек да му воведам земав замрзнат го изварив извадив лушпа и го притиснав со лажица отпозади арно ама бебе пак имаше цело јадење гаг рефлекс и на крај се изнервира и нејќеше да јаде
Изгледа таков се погодил грашокот, со потврда лушпа. До сега моето не правело проблем со грашок, но претходната недела исто некој таков беше и ги плукаше лушпите или ги вадеше од уста со рака. Постапката за приготвување иста, сварено и испасирано. Никогаш не сум го лупела.
За боранија не знам нас грашок и леќа ни ги напиша педијатарот од 7+. Сега прв пат пробува грашок, ама неуспешно (7+++)
Јас сакам да воведам мешунки ама се плашам да не ни е рано. 7м сме Ако не се лажам вие сте на блв. Ние сме на блендирана па може ќе ни помине
Ако прв пат му даваш пасирно нешто што не е мазна текстура може поизразен гаг рефлекс да има. Добро е па замисли да го нема. Видиш што фина наредба има од мозкот да си плукне тоа што не може да го совлада. Инаку гаг рефлексот им е понапред како растат се повлекува наназад. За тоа како да го послужиш немам идеја . Пасиран со друг зеленчук или некои ќофтиња/плескавици со грашок, ама такви не мислам дека даваш.
Мамички со што прво почнавте сокчиња или кашички? Ние сме 4 месеци,педијатарот ми рече прво сокче од одредени овошја и морков.. едно по едно.. И како ги подготвувате овошјата како праска,кајсија,модра слива.. дали ги варите и им ја давате водата, дали во соковник и само чист сок или измешан со вода?
Не сме блв, иако бебе сака да чепка по храната, ми треба некој да ме подучи како да почнам а денес на секој гаг рефлекс срцето ми застануваше. Е сега не знам нас ни дадоа зелено светло за овие мешунки бидејќи е анемичен... најдобро да прашате