Мислам дека спанаќот е нешто појак од блитвата... Во однос на нитрати или нитрити... Може грешам, ама ко таков податок да ми е останат во меморија...
Како ја спремате киноата, т.е. по колку ставате за варење? Јас денеска правев, знам дека е 2:1, мерев со мало филџанче ама ептен многу ми излезе на крај. Ставив 1 лажица во кашата а другото го фрлив. Немам сметка да фрлам нон стоп толку...
Овесни комбинирам и со овошна каша сабајле а и со кисело млеко навечер. Ако ги користиш како цела снегулка се кисне од вечерта со вода за да омекнат. Јас ги користам сомелени како брашно и директ додавам во кашата.
@Kaetana јас имам овесни од тие на hipp мелени се,како чоколино-медолино се.Му ги правам со превриена вода и со овошје му ги давам насабајле.Ме интересира дали знаеш дали можам тие снегулки да ги потопам со сок од портокал-мандарина наместо со вода?
Јас земам рефус од био космос и тие ги мелам. Имам еднаш дадено и од тие на хип, и тоа директ ги имам потопено во кисело млеко... Убави беа.. Па претпоставувам дека можеш да ги потопиш... Потопи малце и пробај на вкус...
Оди ли комбинација компир и брокула? Бидејќи не ја сака брокулата со ориз со што друго можам да ја комбинирам.
Не оди ич пробавме. На синко му е бљак бљак. Ама палента уште не сум вовела, ќе почекам бар уште десетина дена. Туку кажете ми сега авокадото е подибро со банана или со јаболко?
A да пробаш морков, ориз и брокула? Или компир, морков и брокула Денес супер поминавме со ориз и тиквица. 150 гр. си ги изеде без проблем Уште 10 дена ќе полниме 6 месеци па смее ли да дадам карфиол и брокула?
Мамички еве и јас да се приклучам во оваа теме.Ние денес сме 5 полни месеци,планирам да почнам со давање на сокчиња,а од 5 и пол со кашички.Инаку сме на АД млеко.Би ве замолила за помош со што почнавте и дали е соодветна возраста да започнеме со дохрана.Инаку педијатарот ми рече да почнеме со овошните каши и тоа купечки на Хип,па затоа секое ваше мислење ми е добредојдено.Позз
Прво немаш потреба од сок но ок твое право е да одлучиш.Сокот нема хранливи состојки особено не купените.Тоа ти е шекер плус вода плус боја. Второ зошто некои педијатри настојуваат да се воведат куповни каши а не домашни.Има огромна разлика помегу купена тегла хип од јаболко и јаболко дома подварено или испечено малце. Иначе возраста ви е ок за почнување со оглед на тоа дека се на ад Среќен почеток на исхрана мајче