Мамички ај за совет Почнавме со цврста храна и со поинтензивно нудење на вода ама бебчо ич не ја сака едвај по голтка две и штом примети дека е вода одма плука ама па затоа за чај душа дава Му давам 20-30мл дневно ама мислам без проблем ќе испие и 100 ама дека има шеќер затоа само минимално На горештиниве дали и по колку чај давате на дете што несака вода ???
Мајка барем 3ч од млеко до кашичка, мојов така млеко пие па после 3ч каша 120г јаде, претходно педијатар млеко 1ч па каша, и само 3лажички пробуваше. Додека не исфрлив 100мл млеко не ги јадеше кашичките
Тоа што сега тебе те нервира дека не качува килажа еден ден ќе и биде особината што ќе ја обожава. Јаде а не става на килажа. Поубаво за женско амин.
Сеуште пробува вкусови, а не е ни спремна за јадење како што ја гледам. Сеуште постои tongue thrust рефлексот. А и со млеко пиење имаме проблем, едвај 700мл во 24часа.
Спордд нашава педијатар 700мл е оптимално за дете што јаде еден оброк, мојов сеа падна на 650мл и 120г каша
Мојата 8м има и не јаде, 2 лажички со сила пикнати во уста не е јадење. Ќе видеме на следната контрола како напредува и што совет ќе добијам. А можеби и преголеми очекувања имам за нејзините 5.5 корегирани.
Гледајќи ја внука ми, жив нејадач, ќе кажам важно детето да е здраво, но пусти нервози од не јадење на деца, јас му викам на мм да земем ад да му додавам по 150мл, он вика абе доста му е 650 мл(мајчино, се измолзувам). Ќе видиме на следна контрола дали качил па ќе му ја мислиме.
Еве и ние втор ден со вкусови, бебе е 5+ и вчера ко за прв пат јаболко лижна неколку пати и зинуваше радознало. Денес оптимистички давам лажичка полу полна и бебе добива нагон за повраќање. Повеќе не сакаше уста да отвори. Да пробам утре пак или рано да не ни е ? И уште нешто, така пасирано јаболко колку време стои ?
Пробај потечна прави ја кашичката, можеби текстурата не му се допаѓа. Пасирано јаболко на собна тт околу саат максимум, пошто природно оксидира овошјето. После тоа не би му дала да јаде. Затоа пробај да темпираш кога спие, пред да се разбуди да му ја зготвиш кашичката и кога ќе стане да е тазе. Ем гладно повеќе има шанси да се напапа
Женски, дали треба некако посебно да воведувам глутен? Планирам утре гриз за доручек со овошје, треба да пазам на нешто?
Јас глутен воведував постепено бидејќи така сретнав во препораките. Првата недела дадов два пати, по едно лажиче гриз во каша, втората преку еден ден со тоа што зголемував количина, третата мислам дадов чисто гриз со овошје како оброк.
Мајки како реагира бебињата при пробувањето прв-втор пат на кашичките? Еве ние трет пат денес од јаболко лизнува еднаш и добива нагон за повраќање. Нормално е или не? Си реков да не не му се вкусни јаболката, пробав и морков, исто лижна 2 пати и не сакаше уста да отвори. Не знам дали да настојувам или не е спремено бебе. Како беше кај вас првата реакција на цврста храна? Знам дека при пробувањето на вкусови 2-3 лажички барем треба. Си мислев ќе биде воодушевено бебе ама ништо
Не нагон за повраќање, на мојава очите солзи и беа полни кога и дадов прв пат Колкаво е бебчето? Ќе продолжиш ќе си даваш да пробува, ново му и е чудно му е, треба време да се навикне
Lele istoto, denes prvpat probaav da i dadam jabolce, zbunka celata, ne znae sto treba da pravi. Pri sekoe probuvanje se stresuvase, se nadevam ke trgne na podobro.
Здраво мајки, ме нема одамна. Момата моја порасна и наполни 4 ипол месеци. Почнавме со вкусови. Докторката ни рече една намирница три дена по ред. Првиот ден три лажички, вториит четвртина тегличка, третиот половина и еден ден пауза и сето тоа да биде на саат ипол после млекото (на ад сме). Пробавме морков, компир и тиквичка и др. ни отиде на одмор. Ми пиша само дека новите намирници да ги давам по три дена а може да правам и комбинации. Е сега прашањето ми е дали откако ќе почнеме со комбинации, кога сакаме да виведеме нова намирница ја даваме три дена само неа или во комбинација со нешто што е пробано? Килку мл вода и чај давате?
Мене педијатарот ми кажа комбинации дури откако и двата и повеќе намирници ми се воведени претходно. За вода, неколку лажички после оброк, е сега моето нејќеше вода и одвај и ден денес 7+++ сме одвај 50мл на ден со молење. Гледај негде макс да е ~100 на ден ако пие супер би било сега и топло дека е. За чај не знам јас не му давам.