Само првата намирница ја воведов сама, после се друго мешав со веќе воведено. Пример 3 дена јаболче, па 1 ден морков, па 2 дена морков со јаболче... Кога веќе има пробано повеќе намирници, новата можеш да ја комбинираш со нешто што е веќе воведено. Чај не сум му дала никаков и не планирам во брзо време, скоро 11м има. Вода му давам колку сака да пие, некогаш пие 30мл, некогаш 60мл, во денот пие вкупно околу 200мл. На почетокот воопшто не сакаше, не фаќаше шише, одвај успевав по некоја лажичка вода.
Мајки мака мачиме веќе цел месец, 6ипол месеци е, од 5ипол почнавме со кашички абе уста не отвара, една мала каша за три дена не успеваме да ја изедеме цела. Пробано и домашни каши, хип, лино, бејбилов и др. За разлика од неа бате на 4ипол јадеше по цело тегленце на оброк. Инаку на ексклузивно доење сме.
До 1 година млекото им е сеуште примарна исхрана. Ако си е бебето ок не се нервирај. Можеш да пробаш и со парчиња по блв, ама таму сигурно нема да јаде количински повеќе, ама па може да покаже повеќе интерес за храна што за во иднина е подобро. И мојата е на ексклузивно доење, јас и давам и каши и парчиња ама сама да јаде, не ја ранам, што касне касне, другото и е цицање. Немам скратено ни еден подој. Сега за сега е ок, 7 месеци. Ќе видиме како ќе тераме.
Кога ќе се рече 50 гр телешко на оброк тоа значи 50 гр свежо или 50 гр да се мери сварено?! Јас ставив да сварам точно 500 гр месо денес. Сварено го мерев и излезе 320 гр. Како да мерам за да замрзнам ?!
Јас не мерев точно, од око. Ако ставиш многу ке е тегаво, каша да излезе 200 гр гледав. Ако имаш експрес лонец свари го таму и со вода го мрзни.
Го сварив веќе Не знаев по колку грамски парчиња да замрзнам. Од Водичката ќе замрзнам во калапи за лед . По 30гр, а @Tiny Love ? Оки Тенкс
Јас така го мрзнев, по 50гр го делев пред варење, а ако го делев после варење по 30гр. Од 500гр свежо излегуваат 10парчиња по 50гр, а од 300гр за 10 ќе бидат по 30гр. По таа логика се водев. Еднаш по грешка го поделив по 50гр после варење, многу месо ми идеше по каша и никогаш не го ставав цело за бебе туку јас го мезнував остатокот. Да не се фрли де
Нема врска, било какво како можеш да даваш. Јас додека давав каши му правев вака: банана, малку какао, и 2 бисквити, сето тоа изблендирано.
Година ќе прави моево уште немаме асален оброк. Обично тие што се страсни цицачи потешко прифаќаат храна. Не се секирај, ќе пројаде кога тогаш.