А исто си цица или има намалено подои? И качува ли тежина и дали има проблем со железо? Јас да си прашам пошто ич не сакам да пикам со сила.
Цица 4-5 пати и убаво си напредува, преку 12 кила буце е. Јас се чудам од каде му е железото така добро, кога е скаран со се од храна. Не пикам и јас со сила, правам, нудам, ќе касне некој залак или не и тоа е тоа. Веќе не се ни нервирам, не ми е чудно да се мршти само
По 30гр ти е сосем доволно за почеток варено за негова возраст , после околу 50гр , па натаму ќе зголемуваш постепено. Некои викаат и парче колку што може да фате во рачето е толку е доволно за него
Дали е паметна идеја да воведам глутен преку овес на Holle, постепено малку по малку треба или може 1/3 во каша?
Овесот нема глутен, може само да содржи траги од глутен. Ако сакаш да воведеш глутен дади гриз од пченица или спелта.
Да пишува бидејќи не е деклариран како без глутенски. При негова обработка дошло до контаминација со други житарки што содржат глутен.
Ова со парче да го фати во рачето ми е толку нејасно Да му дадам живо месо да видам колку ќе може да фати, или сварено ? Само не ми велите од прилика да проценам . Тоа ми е исто како кога ќе ми кажат мала коцкичка месо . Јас и за осмина жолчка прашувам колкаво да биде јајцето . Оти има јајца и јајца
Живо месо во големина колку испружена дланка на бебето . Ама најважно од се' е да се опуштиш малку, не е тоа некоја прецизна наука па да мораш точно да мериш до грам. 5 грама или 10 повеќе или помалку, ништо нема да му биде на бебо.
Еве @Lilijan7 баш убаво опиша да не се повторуваме. И јас само истото ќе го потврдам да не се стресираш многу и се да е до грамче . Најважно е се постепено да е , и соодветно спрема возраста. Сепак се запознаваат со нови вкусови , а нивното желудниче е толку мало и осетливо и затоа се тие некои мерки , ама не е опасно 5-10гр напред назад
Јас пред некој ден и дафов само парчиња така ко за нас сечени, изеде 5 ама сега сакав да и смешам со нешто ама врска неам со што оди.
Да, можеш да даваш. Јас со банана го имам комбинирано, или со јаболко и морков. Моето не го сака баш авокадото...
Мајки како воведувате авокадо? Како секоја намирница три дена вовед или микс со веќе пробана намирница?