Ич да не се плашиш. Најбитно е да ти е најадено детето. Инаку не, ја мислев како обичен кцан пинџур. Да ги испечам, излупам и да ги изгмечам. И да исечкам едно чешне, или пола, шознам.
Здраво мајки. Денес сме 5 месеци и почнавме со вкусови. Пробавме малку морков. Сакав да ве прашам дали имате одредено време за давање кашички или може било кое време
Најубаво е да има одреден период на час во денот кога ќе јаде, да си фати ред детето. Обично првиот оброк се дава наутро, исто и со пробување на вкусови би требало така да биде.
Леќа на 7, зелка уште немам дадено 11 мес е. Ќе оставам да и ја воведат во градинка секако им даваат.
како за прв пат колку телешко да дадам и ако може предлог со што ? и дали има нешто посебно што треба да пазам при воведување?
Па ептен малку како за почеток, мало парченце ќе му дадеш, нема ваљда да го мереш. Со компир, со морков, со грашок, брокула, со сѐ иде. Или комбинација од повеќе зеленчуци. За пазење не знам, ја не сум обрнувала внимание на нешто посебно. Првите неколку пати му го блендирав, само не ептен течно (дудуша никогаш не сум му давала течни каши), имаше како конци, да се навикнува, сега веќе си го грицка сам.
За пазење мислиш на оноа преку 1 ден дека се дава? Така мислам беше. Ама ако даваш по малце нема потреба толку строго. Јас во болоњезе дадов мелено телешко.
@Anaroz1 ја никако не сум му дала мелено, ми рекоа дека ако купувам во месара таму да ми го смелат (а тоа ќе биде помала количина), во него ќе има и друго, најверојатно свинско бидејќи останува во машината и следниот пат кога мељаат се меша новото со тоа што било претходно мељано. И затоа само свежо телешко земам, прашувам кога точно донасаат, земам околу 500 гр, го сечкам, варам и замрзнувам на коцки во посебни ќесички.
мислев на тоа дали преку еден ден се воведува, иначе купив веќе од веро свежо, го сварив, го поделив и го замзнав, оставив за утре да и дадам малку, ама не знаев колку викам ај да си прашам овде секогаш наоѓам одговор за се
Ја ги кршам на ситно и ги комбинирам со овошје. Можеш и да ги сомелеш, да ги ставаш во мафини или каша.
Mom's Мојава ептен бендиса јогурт утрово. Јас пиев па и дадов да пробне па се потепа по чашата Дајте некоја идеја како да и го комбинирам, на нет нешто нема некои рецепти. 7+++ сме