Здраво мајки, бебе е 4 месеци, од нареден ќе треба да почнеме со вкусови сега за сега сме добри Имам круши/јаболка од двор што не се прскани а веќе зрели, дали е ок да ги замрзнам за после да и правам кашички со тие? Знам дека сега во секое време се може да се купи, туку овие дека знам дека не се прскани пре би и ги дала нејзе отколку да ги изедам јас сега.
Auuu ova ne sum ni zamisluvala deka e mozno, jas si vikam pustam se i za 30min tutto finito, ama ke vnimavam i ke go pustam i jas dva pati, ednas samo i uste ednas so zelencucite, blagodaram majki me prosvetlivte.
Абе пробај си најубаво после тој пола саат, така ќе знаеш дали е готово или не. Има разлика од месо до месо и од апарат до апарат.
Маслиново може да се додава во секоја зеленчукова каша, освен во оние кои содржат жолчка или авокадо. За циметот веројатно како и за се' друго - максимално два до три пати неделно. Мајка, ми падна во очи комбинацијата која ја јадело бебе - житарици не се комбинираат ниту со компир ниту со батат. За другото, пробај круша или киви ако имате воведено.
Зошто не се комбинира житарици со зеленчук? Конкретно за киноа и просо ме интересира. Јас киноата само со зеленчук ја давам и на бебе и за нас така ја спремам.
Погрешно си ме разбрала - житарици и зеленчук може да се комбинираат (и јас киноата ја давам само со зеленчук). Не се комбинираат житарици и скробен зеленчук (значи компир и батат) затоа што тоа се премногу јаглехидрати за бебе. Ова од хрватската група Домашни кашички за бебе на фб го имам прочитано.
2ч ја киснам кината а простото преку ноќ, денес му правев со банана и авокадо ама не се убаво изблендира и не ја многу бендиса
Ние сме мали уште ама чисто ме интересира какви се препораките сега исто бебе на ексклузивно доење почнува од 6 мес.? Систина како препорачуваат?
Извини, јас лошо прочитав. Сфатив демек не давај со компир, давај со киви или круша и некако си поврзав демек не зеленчук, овошје. @Tiny Love
Препрочитувам што сум пишала…. и не , нема дека Систина ми е репер.Како и да е… Таму го носам детето и ме интересира што препорачуваат .
За систина не знам. До 6 месеци се поместени границите повторно, за само млеко, доење, ад, било што, без вода, чаеви, сокови, вкусови. Затоа што нови студии покажале дека никаков позитивен ефект нема од било што друго да се дава пред 6 месеци, може и да нема некој којзнае колкав негативен ефект али сепак е подобро само млеко.