Фала за идеата со парчиња, ке пробам така дали ке ми успее. А од зеленчук ништо не сака освен морковче, на другово све има нагони. Ај првин велев да не грешам нешто во блендирањето, пробував и со купечки каши ама џабе неуспешно. А јаболче со што комбинираш од зеленчук ( освен морковче)?
На 5 мес почнавме со вкусови, некои 10 дена и требаа да влезе во шема со хранава, после тоа си имаше одма доручек, не гледав јас цел месец вкусови само. На 7 си имаше 2 оброка.
Јас со блитва најчесто, ама најмногу ми оди вака на вкус со зелените зеленчуци, спанаќ, кељ, прокељ, тиквица, брокула, па и батат и цвекло. Пример не ми оди никако јаболко и лук. И плус житарка некоја, палента, просо, спелта... А исто не знам дали си пробала некој појак вкус да додадеш во зеленчуковите, кромид, лук, пашканат, целер. Оди на инстаграм на мала беба велики гурман во хајлајтс има 7+ има убави идеи.
Само моево бебе се шекнува по сув леб или сите се такви? Значи да не види леб дека јаде некој, тоа се тегне, плаче ако не и дадеш, па кога ќе го потфати бута во уста ко да не видела. А ич нејќам леб да и давам
Да не пие млеко кратко пред да јаде, мојов беше така дури ни уста не отвораше, по 20 дена му давав оброк по 3ч откако пиел млеко и почна да си отвора уста и да јаде 120г кашичка, така и тераме месец ипол, сеа изрази желба за повеќе па почнав со втор оброк и одма си јаде цел втор оброк. Ако не му се свиѓа така така ја јаде, ако му се свиѓа за 5 мин цела ја слапа. Ама кај мене остана правилото 3ч по млеко-каша.
И мојата јаде многу. Пред некој ден ја држеше една пријателка на маса седната додека јадеше и сама си го земала лебот од маса и цело парче во уста,оваа испаничена трча ми вика леле пикна леб во уста и викам ништо не и е јаде .. јаде и кај мене и тоа од 6месеци
Глупости се ова не давај овошје давај зеленчук секако ќе јаде овошје ... Еве кај мене обожава зеленчук и тоа лук,кромид,боранија,спанаќ,брокула ...се сака, а за банана треба да се молиме
Скоро два месеца јадеше по 2,3лажички ретко ретко да изеде 50,60грама(еднаш у 10дена) . Тек после два месеца почна и тоа солидно да јаде не ми се веруваше првиот пат кога изеде 130грама,еве веќе 2недели константно јаде солидно. Два месеца готвев по два оброка секој ден и јас ги јадев. Не се откажувај ќе биде
На Овесот во прав на Holle пишува да се употреби во рок од 3 недели од отворање, каде бебе ќе изеде толку многу, да фрлам по 3 недели или да го користам?
И моево банана нејќе ни јаболче, а брокула па ич. Јас јадам банани, ама може треба да биде презреана и блага, има друга текстура. И моево јаде морков, тиква, тиквица, батат. Ќе се научат, ќе јадат све.
Да беше "рисипано" ќе се осеќаше по вкус, по мирис. Они си се исти, секоја храна ја пробувам пред да му давам, се немат сменето ниедна житарка.
Варам да омекнат и ги сечам на ленти, за што и да даваш пиши на гугл има како да се сервира според blw. Не се водам целосно спрема blw ама послатко му е и повеќе ужива кога јаде сам. Ќе пријаде сѐ, му треба време само кога се гладни не бираат многу, на почеток ќе се намрштат малку
Тиквичка сварена денес што остана дали можи во фрижидер да се чува до утре и утре да се дава од таа или треба секој ден ново приготвено ? За тие што ја користите blw методата, колкави се вашите бебиња?
Zdravo dali imate dadeno vakva kasicka na bebe od 5 meseci poso ima misirkiko mevce malce mi e straf a na nego pisi od 5 meseci
Јас сум користела така од претходниот ден, за 24ч стоење ништо не и е, само да не има јадено од истата туку оддели. Инаку 10 месеци сме, негде околу 8 почнав со парчиња и се покајав што не сум почнала порано Не се водам скроз 100% по неа сеуште, немам услови секогаш да му дозволам да прави хаос. Ако живееше во странство и да прашаше педијатар ќе ти дозволеше. Јас не би дала месо на 5 месеци, почекај барем до 6.
Од пред 2 ипол недели се трудам демек вкусови пробуваме, бебе освен по 1 до 2 лажички не каснало повеќе, и од нив добива нагон за повраќање небитно што давам дали овошје или зеленчук. Еве денес тиквичка, обарена и испланирана за прв пат и половина лажичка и веќе не сакаше уста да отвори. Да сметам дека е воведена? Веќе 5+++ сме и не знам кога планира да отвори уста бебево мое, се нешто сосила и со мрштење. Мерак си е да цица а со јадењево богами се подразочарувам. Гледам минимум 2 сати да нема цицано пред кашичка ама џабе, си бара да цица. Си викам рано е, а од друга страна за брзо ќе има 6 месеци и појма немам како да го разјадам.
Ни ја не фрлам тоа си ги користам веќе 2 месеци,шо викаш, кај може бебе толку да изеде за три недели, се е маркетиншки трик за да фрламе пари за џабе
Да прашам вишни,цреши,јаболка и лубеница кога дадовте? Сакам да му дадам на бебе сега дур е сезона, 7 сме