Сосема се согласувам. Слушај инстинкт и читај искуства на нет, пошто секоја генерација на педијатри различно кажува. Мојов па викаше на 5м сѐ освен месо да јаде малово, а од 6м да почне и месни кашички
A izmegu pie mleko? Prasuvam zasto primetiv deka otkako pocnav so dorucek pomalku cica pa ne znam dali e ok taka.
Majki, otvorena gotova kasicka, pola izedena, stoi eden den den vo frizider taka? Mozam da ja dadam drugiot taka? Ili greska sum Mislam si pisuva na nea do tri dena ama da prasam za sekoj slucaj
Ако не јадело директно од тегличка стои без проблем. Ама ако со лажичка му даваш од тегличката и дошло до допир со лиги од бебето, подобро фрлај
Па да, можно е. До сега само доење и како и е легнато мислам до 3 години ќе цица и ништо нема да побара. Пробав денес еден час после спиење и доење понудив купена овошна кашичка, да не и е поблага и поубава од домашните, џабе уста не отвори. Не и не. Покасно јадам јас банана и ме гледа посегнува со рачињата и давам парче, зеде шмука и ај зедов и испасирав од страв да не и залетне поголемо парче, арно ама пасирано нејќе Го гледа лажичето и затвора уста. Сосила да пикам нема смисла и не сакам. Ако и со 6 полни месеци, по една недела е иста ситуацијата, ќе звонам на педијатар да видам што ќе каже.
A da vidis da ne saka sama? Mozebi da se konsultiras so majakatakata na instagram za blw? Cisto kako idea deka sama posegnala po parce banana.
Не сум слушнала за профилот. Ќе побарам и прашам. Ти благодарам Едит: може ли точно да ми пишеш како да барам или линк да ми дадеш. Вака пишав и не ми дава
Ама ете покажала интерес. Еве колку да не се секираш во врска со нејадењето. Јас ја оставам сама, лажичето и го подавам и она колку може да изеде од тоа можеш да замислиш. Пошто сегде завршува освен во уста. Па така тераме месец ипол. Има денови кога 200 работи ќе понудам ништо несака, ок стануваме од маса и тоа е тоа. Не се преоптоварувај и следи си го детето. Со сила да пикаш само поголем проблем ќе си направиш. Здравје од кога ќе седи постабилно можеш да ја оставаш сама, ете така да и подадеш лажиче или соодветно сервирано парченце. Не се секирај ако си е детето здраво и напредува. Да се едитирам, цица на 3-4 саати преку ден, тоа и е главна храна сеуште, 7ипол мес е.
@Viki2021 јас најтопло ти препорачувам да се зачлениш во групата за дохрана на фејсбук - Domace kasice za bebe. Девојката што ја води групата инаку е бебе нутриционист. И јас вака како тебе на почеток на дохрана бев збунета што и како и групава премногу ми помогна да ми станат јасни многу работи околу исхраната на бебињата (всушност се' што знам научив од оваа група). Колку и да викаме дека треба да се опуштиме, сепак многу е битно со што и како го храниме бебето во првата година во животот бидејќи тогаш се гради неговиот имунитет. А на гоогле може да се прочита се' ама битно е дали е релевантен изворот на статијата. Инаку, според новите истражувања теоретски се' може да се воведе од почеток на дохрана, значи не се одлагаат ни алергените, ама нема да воведеш прво грав на пример, затоа што тешко се вари, туку ќе воведеш тиквица, тиква и сл. Или нема да воведеш прво месо затоа што нели, со што би го комбинирала, туку ќе воведеш прво неколку зеленчуци, па потоа месото ќе го комбинираш со нив. Можеш и јагода од 6+ (ако е домашна или органска се разбира) ама јагоди се ставаат по малку и нема да имаш доволна количина за каша, па затоа прво се воведува јаболко, круша и сл. за да имаш основа. И да не редам други примери. Друго, често во темава читам зошто органско, зошто домашно да се дава па понатаму се' органско ли ќе јадело бебе. Сосема погрешен совет. Ако гледаме така, натаму детето ќе јаде и пици и тостови, па што не му ги дадеме од почеток тогаш. Ако некој нема пристап до органско или домашно и тоа е во ред, ќе купиш од маркет се разбира бидејќи бебето мора да јаде, ама затоа е и советот до една година за бебе се' да се лупи и да се готви и барем на кратко ако не му се знае потеклото.
Вчера ја носев на вакцина и педијатарката што ја прегледа, со нејзините совети стигна и до вечера на 6ипол месечно бебе А млеко, три пати по 150 било доволно Така со вечера детето немало да се буди Еве мојата е само со доручек и пак не се буди, ептен ретко некогаш накај 4 сабајле. Ама јас педијатар ни сум слушала, ни ќе слушам за дохрана. Си терам и јас по советите од хрватската група, најмногу ми одговараат и најлогични ми се.
Кога би јадело 3 оброка мислиш дека ќе пие повеќе од 500мл млеко? Според групите што ги читам 1.5 до 2м треба да има простор меѓу воведување на секој оброк, така што до 3 оброка ќе има сигурно 8 до 9 м бебе зависност од тоа кога се почнало со дохрана. И да секој си го следи бебето и си одлучува според него и она што мисли дека е најдобро за него.
Еве ние на 6 почнавме со цврста храна, она на прегледот на 7 месеци ми вика треба веќе да воведете вечера??? А јас на своја рака почнав пред некоја недела со втор оброк. Среќа па на форумов видов нема некој на 7 месеци со 3 оброци.
Ќерка ми беше на 7 мес со три оброци ама почнавме на 5 мес со храна и е слаба многу. Ако напредува бебе, јас мислам нема потреба.
Немаме проблем. Мислам дека они си имаат шема која си ја тераат, од 5 месеци да почне со јадење и на 7 да воведат 3 оброци. Е така се почувствував буквално, а не дека она индивидуално нешто нас не советуваше, туку као нема ти што да мислиш. А секое дете си е различно.